1 Коринтјаните 15:45-49
1 Коринтјаните 15:45-49 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во Светото Писмо пишува: „Првиот човек, Адам, стана жива душа.“ А Христос, Кој може да биде наречен „Последниот Адам“, е Дух што дава живот. Но прво доаѓа материјалното тело, а потоа духовното. Првиот човек, Адам, беше создаден од земја, направен од земен прав. Вториот човек, Христос, потекнува од небото. Какво што беше телото на Адам, такво е и телото на секој човек сега: тоа е тело создадено од земја. Но на небото ќе имаме тела како Христовото тело, бидејќи Христос потекнува од небото. Како што сега личиме на Адам, на човекот направен од земен прав, така тогаш ќе личиме на Христос, на Човекот што потекнува од небото.
1 Коринтјаните 15:45-49 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па така е и напишано: „Првиот човек Адам стана жива душа“, а последниот Адам – животворен дух. Но не е прво духовното, туку душевното, а потоа духовното. Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото. Каков е земјениот, такви се и земјените; и каков е Небесниот, такви се и небесните; и како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот.
1 Коринтјаните 15:45-49 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Така е напишано: „Првиот човек, Адам, стана жива душа“; а последниот Адам - животворен Дух. Но не е прво она што е духовно, туку е прво природното, а духовното доаѓа потоа. Првиот човек е од земја, земјен; вториот Човек е од небото. Каков е земниот, такви се и земните; каков е небесниот, такви се и небесните. И како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме и обликот на небесниот.