1 Коринтјаните 15:21-23
1 Коринтјаните 15:21-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос. Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос повторно ќе оживеат, но според утврдениот ред. Прво воскресна Христос, а потоа, кога Тој ќе се врати, ќе воскреснат и Христовите следбеници.
1 Коринтјаните 15:21-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидејќи смртта дојде преку човекот, така и воскресението од мртвите, стана преку Човек. И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат оживеани; но секој по свој ред: Христос е првиот плод; потоа, при Неговото доаѓање, ќе воскреснат сите што се Христови.
1 Коринтјаните 15:21-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Бидејќи смртта дојде преку човек, така преку еден Човек дојде и воскресението од мртвите. Зашто, како што сите умираат во Адама, така и во Христа сите ќе оживеат. Но секој по својот ред: првенец Христос, после оние кои се Христови, во времето на Неговото доаѓање.