Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 15:12-22

1 Коринтјаните 15:12-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Ако е јасно посведочено дека Христос воскресна од мртвите, како тоа некои од вас велат дека мртвите нема да воскреснат? Ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш ни Христос не воскреснал! А ако Христос не воскреснал, тогаш се без основа и нашето проповедање и вашата вера! Зашто, би испаднало дека тоа што ние го кажуваме за Бог е лага, бидејќи ние сме сведоци дека Бог Го воскресна Христос; а ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш значи Бог не Го воскреснал Христос! Ако е невозможно мртвите да бидат воскреснати, произлегува дека ни Христос не бил воскреснат. Ако Христос не бил воскреснат, тогаш вашата вера е безвредна - вие сте и понатаму под осуда на вашите гревови! Тоа би значело дека и луѓето што починаа со вера во Христос се неповратно загинати! Ако ние се надеваме на Христос само за овој живот, тогаш ние сме најмизерни од сите луѓе на светот! Но Христос воскресна од мртвите! Тој стана прв плод од големата жетва на сите што ќе бидат воскреснати од мртвите. Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос. Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос повторно ќе оживеат

1 Коринтјаните 15:12-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите, како тогаш не­кои меѓу вас велат дека немало воскресение на мртвите? А штом нема воскресение на мрт­вите, тогаш и Христос не воскреснал; ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш напразна е нашата проповед, празна е и вашата вера. Би се покажале како лажни сведоци Божји, бидејќи сведочевме против Бога дека Го воскреснал Христос, Кого што не Го воскреснал, ако навистина мрт­ви­те не воскреснуваат. Зашто, ако мртвите не воскреснува­ат, и Христос не воскреснал; ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата ваша; вие сте уште во своите гревови; тогаш и оние, што умреле за Хрис­тос, пропаднале. И, ако само во овој живот се надева­ме на Христос, тогаш сме ние најбедни од сите луѓе. Но, ете, Христос воскресна од мрт­вите, и со тоа стана првина за упокоените. Бидејќи смртта дојде преку чо­ве­кот, така и воскресението од мртвите, стана преку Човек. И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат ожи­ве­ани

1 Коринтјаните 15:12-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Но, ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите, како некои меѓу вас велат дека нема воскресение на мртвите? Ако нема воскресение на мртвите, тогаш ни Христос не воскреснал; А ако Христос не воскреснал, тогаш е празна нашата проповед, празна е и вашата вера. При тоа се наоѓаме и како лажни Божји сведоци, дека сведочиме за Бога, дека Го воскреснал Христа, Кого не Го воскреснал; ако навистина мртвите не воскреснуваат. Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, ни Христос не воскреснал. А ако Христос не воскреснал, суетна е вашата вера; вие сте уште во вашите гревови. Тогаш и оние, кои умреле во Христа, загинале. Ако само во овој живот се надеваме на Христа, ние сме најнесреќни од сите луѓе. Но сега, Христос воскресна од мртвите, како првенец на оние кои умреле. Бидејќи смртта дојде преку човек, така преку еден Човек дојде и воскресението од мртвите. Зашто, како што сите умираат во Адама, така и во Христа сите ќе оживеат.