1 Коринтјаните 15:1-5
1 Коринтјаните 15:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Браќа, ви напоменувам за Евангелието, Кое ви го проповедав, а кое вие го примивте и во Кое стоите. Преку Него и се спасувате, ако Го држите како што ви проповедав, освен ако не сте поверувале напразно. Ви го предадов најнапред она што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата; дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата, и дека му се јави на Кифа и потоа на Дванаесетте
1 Коринтјаните 15:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги пријатели христијани! Сакам да ве потсетам на Радосната вест што ви ја проповедав, која вие ја прифативте и која ви стана основа на верата. Таа Радосна вест што јас ви ја проповедав ќе ви донесе спасение, доколку цврсто се држите до неа, освен ако немате празна или лажна вера. Јас најпрвин ви ја пренесов најважната порака, онака како што и мене ми беше пренесена: Христос умре за нашите гревови, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо; беше погребан и воскресна на третиот ден, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо. Воскреснатиот Христос му се јави на Петар и на дванаесетте апостоли
1 Коринтјаните 15:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ви напомнувам, браќа, за Евангелието, кое ви го проповедав и кое вие го примивте и во кое стоите. Преку кое и се спасувате, ако го држите цврсто како што ви го проповедав, освен ако не сте поверувале напразно. Зашто, ви го предадов најнапред она, што го бев и примил: дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата, и дека е погребан и дека воскресна на третиот ден, според Писмата; дека му се јави на Кифа, после на Дванаесетте.