Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 15:1-11

1 Коринтјаните 15:1-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Драги пријатели христијани! Сакам да ве потсетам на Радосната вест што ви ја проповедав, која вие ја прифативте и која ви стана основа на верата. Таа Радосна вест што јас ви ја проповедав ќе ви донесе спасение, доколку цврсто се држите до неа, освен ако немате празна или лажна вера. Јас најпрвин ви ја пренесов најважната порака, онака како што и мене ми беше пренесена: Христос умре за нашите гревови, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо; беше погребан и воскресна на третиот ден, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо. Воскреснатиот Христос му се јави на Петар и на дванаесетте апостоли, а подоцна и на повеќе од петстотини Негови следбеници заедно, од кои повеќето се уште се живи, иако некои веќе починаа. Потоа му се јави на Јаков, а на крајот повторно на сите апостоли. Најпосле, по извесно време, ми се јави и мене, како на духовно недоносче. Јас се сметам за најмал меѓу апостолите. Не заслужувам дури ни да се наречам апостол, бидејќи јас ја прогонував Божјата Црква. Но, Бог ми беше милостиво благонаклонет, па станав тоа што сум и ја оправдав Неговата благонаклоност спрема мене. Работев најмногу од сите апостоли, иако за тоа не сум заслужен јас, туку Божјата благонаклоност спрема мене. Сепак, не е важно дали проповедам јас или некој од другите апостоли. Важно е тоа што го проповедаме, и тоа што вие поверувавте.

1 Коринтјаните 15:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Браќа, ви напоменувам за Еван­гелието, Кое ви го проповедав, а кое вие го примивте и во Кое стоите. Преку Него и се спасувате, ако Го држите како што ви проповедав, освен ако не сте поверувале напразно. Ви го предадов најнапред она што го бев и примил, дека Христос умре за на­шите гревови, според Писмата; дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата, и дека му се јави на Кифа и потоа на Дванаесетте; после им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа; потоа му се јави на Јаков, и потоа на сите апостоли, а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче, зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата црк­ва. Со благодатта на Бога сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во ме­не, не беше напразна, но повеќе се пот­рудив од сите нив; само не јас, туку Божјата благодат, која е со мене. И така, било јас, или тие, така про­поведаме, и вие така поверувавте.

1 Коринтјаните 15:1-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ви напомнувам, браќа, за Евангелието, кое ви го проповедав и кое вие го примивте и во кое стоите. Преку кое и се спасувате, ако го држите цврсто како што ви го проповедав, освен ако не сте поверувале напразно. Зашто, ви го предадов најнапред она, што го бев и примил: дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата, и дека е погребан и дека воскресна на третиот ден, според Писмата; дека му се јави на Кифа, после на Дванаесетте. Потоа им се јави еднаш на повеќе од пет стотини браќа, од кои повеќето се живи до денес, а некои - починаа. Потоа му се јави на Јакова, па тогаш на сите апостоли. А најпосле ми се јави и мене како на недоносче. Зашто јас сум најмал меѓу апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата Црква. Но со Божја благодат сум она што сум. А Неговата благодат, која ми е дадена мене, не беше напразно, туку се потрудив поизобилно од сите нив, но не јас - туку Божјата благодат, која е со мене. И така: било јас или тие, така проповедаме; а вие така поверувавте.