Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 29:8-13

1 Летописи 29:8-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И оние, што имаа скапоцени камења, ги даваа и нив во ризницата на до­мот Господов, во рацете на Гирсонецот Јехиил. И народот се радуваше на нивната сесрдност, зашто тие од сѐ срце жртвуваа за Господ, па и Давид многу се радуваше. Тогаш го благослови Давид Господа пред целото собрание и рече: „Бла­гословен си, Господи Боже Израелов, отсекогаш и засекогаш! Твое е, Господи, и величието, и си­лата, и славата, и победата, и блесокот; и сѐ, што е на небото и на земјата, Твое е; Твое е, Господи, царството, Ти стоиш над сѐ одозгора како Владетел. Од Тебе се и богатството и славата; Ти владееш над сѐ, во Твојата рака е и силата и цврстината, и во Твоја власт е да издигнеш и да зацврстиш сѐ. И сега, Боже наш, Те славиме и го фалиме Твоето величествено име.

1 Летописи 29:8-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во кого се најдоа бесцени камења, сите даруваа во ризницата на Господовиот Дом, на рацете на Гирсоновецот Јехил. Народот се веселеше зашто прилагаа доброволно, зашто Му прилагаа со искрено срце на Господа; и царот Давид се радуваше многу. Потоа Давид Го благослови Господа пред сиот собир. И Давид рече: „Благословен да си, Господи, Боже на нашиот татко Израел, одвека довека! Твоја е, Господи, величината, силата, славата, сјајот и величеството, зашто е Твое сѐ што е на небото и на земјата; Твое е, Господи, царството, и Ти си возвишен над сѐ, Главатар на сѐ! Од Тебе се богатсвото и славата, Ти владееш над сите, во Твојата рака се силата и моќта, во Твојата власт е да направиш големо и силно сѐ. И Те славиме, Боже наш, и Го фалиме Твоето славно Име.“