Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 29:1-5

1 Летописи 29:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш царот Давид му кажа на целото собрание: „Синот мој, Соломон, кого Сам Бог го избра, е млад и нежен, а работата е голема, зашто таа зграда нема да биде за човек, туку за Господ Бог. Со сите сили приготвив за домот на мојот Бог злато за златните предмети, сребро за сребрените и бакар за бакарните, железо за железните и дрво за дрвените, ониксов камен и камења за украсување, камења убави и шарени, секакви скапи камења и многу мермер; и уште, од љубов кон домот на мојот Бог, што имам сопствено злато и среб­ро, и него го давам за домот на мојот Бог, покрај сето она, што сум го при­готвил за светиот дом: три илјади кикари злато, офирско злато, и седум илјади кикари чисто сребро за обложување на ѕидовите на зградите, за сите златни предмети, за сите среб­рени и за сите изработки од уметнички раце. Нема ли уште некој доброволно да даде прилог денес за Господ?“

1 Летописи 29:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Царот Давид му рече на сиот собир: „Бог го избра мојот син Соломон, младо и нежно момче, а ова е голема работа, зашто дворецот нема да биде за човек, туку за Господ Бог. Подготвив колку што можев, за Домот на својот Бог: злато за златните работи и сребро за сребрените, бронза за бронзените, железо за железните, дрво за дрвените; ониксови камења и бесцени камења за всадување, бесцени камења за украс и шарени бесцени камења, секакви скапоцени камења, и изобилство мермер. Од љубов кон Бога уште го давам и своето злато и сребро, освен сѐ што подготвив за светиот Дом. Три илјади златни таланти офирско злато и седум илјади таланти чисто сребро, за да бидат обложени ѕидовите на просториите. Злато за златните работи, а среброто за сребрените и за секое дело на уметнички раце. Дали денес уште некој сака да Му приложи нешто со својата рака на Господа?“