Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 7

7
Расправија за преданијата
(Мт 15,1-20)
1Околу Него се собраа фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим. 2#Лк 11,38И кога видоа дека некои од Не­го­ви­те ученици јадат леб со нечисти, односно со немиени раце, ги укорија. 3Зашто фарисеите и сите Јудејци, др­жејќи го преданието на старешините, не ја­дат, дури не ги измијат рацете до лакти­те; 4#Мт 23,25; Лк 11,39и кога ќе се вратат од пазар, не ја­дат дури не се измијат; и уште многу други нешта има што ги примиле и ги запазуваат: ми­ење чаши, чинии, котли и столови. 5Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто Твоите ученици не постапуваат според преданието на ста­решините, туку јадат леб со неизмиени раце?“ 6#Ис 29,13А Тој им одговори, велејќи им: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ’Овој народ со усните Ме почитува, а неговото срце стои да­ле­ку од Мене; 7#Кол 2,22но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘ 8Вие, оставајќи ја Божјата за­повед, го држите човечкото предание: миење чинии и чаши; и вршите многу други слични работи.“ 9И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите ва­шето предание. 10#2 Мојс 20,12; 21,17; 3 Мојс 20,9; 5 Мојс 5,16; Мт 15,4Зашто Мојсеј рече: ’Почитувај ги својот татко и својата мајка‘ и ’Кој злослови против својот татко или својата мајка, со смрт да се казни.‘ 11#Мт 15,5-6А вие велите: ’Ако некој човек каже на својот татко или на својата мајка: Она што сакаш да го ползуваш од мене е корбан, односно принос‘, 12#Изреки 28,24тогаш не му оставате ве­ќе ништо да стори за својот тат­ко или за својата мајка. 13Така го укинувате словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; а и многу такви слични работи вр­ши­те.“ 14#4,9И пак го повика народот и ре­че: „Слушајте Ме сите и разберете: 15ништо, што влегува во устата на чо­векот однадвор, не може да го ос­квер­ни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот. 16Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“ 17#4,10; 10,10И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за параболата. 18А Тој им рече: „Зарем и вие сте толку неразумни? Не разбирате ли дека ниш­то, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни? 19#Дела 10,13-15; Кол 2,16-17.21-22; Тит 1,15Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чис­теј­ќи ја сета храна.“ 20#Рим 14И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. 21#Мт 15,19Зашто одвнатре, од срцето на луѓето, излегуваат лоши помисли, прељубодеј­ства, блудства, убиства, 22кражби, ненаситност, злоба, измами, разврат, завидливо око, богохулство, гордост, безумство. 23Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“
Верата на една жена
(Мт 15,21-28)
24 # 1,29; 10,10 И кога замина оттаму, отиде во тирските и сидонски краишта; влезе во една куќа и сакаше никој да не го дознае тоа. Но не можеше да се сокрие. 25Зашто за Него чу една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и пад­на ничкум пред Неговите нозе. 26#Мт 8,29А таа жена беше друговерка, по по­текло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ. 27Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се наситат децата; зашто не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“ 28А таа одговори и Му рече: „Да, Гос­поди! Но и кучињата јадат под трпезата од трошките што им паѓаат на децата.“ 29И ѝ рече: „За ова што го рече – оди си! Демонот излезе од ќерка ти.“ 30И кога таа се врати дома, ја најде ќерка ѝ како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.
Излекувањето на глувонем
31 # 5,20 И, излегувајќи повторно од тирските и сидонски краишта, Исус отиде кон Гали­лејското Море, низ краиштата на Десет­градието. 32#5,23И Му доведоа еден глув и тепкав, па Го молеа да положи ра­ка на него. 33#8,23Откако го одведе настрана од народот, Исус ги стави Своите прсти во не­го­вите уши; па плукна и му го допре јазикот; 34#6,41; Мт 14,19потоа погледна кон небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ – што значи: „Отво­ри се!“ 35#Мт 8,3И веднаш му се отворија ушите, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто. 36#1,25.44-45; 5,43; Мт 9,30-31И им заповеда никому да не ка­жу­ваат. Но колку повеќе Тој им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа. 37#9,25; 1 Мојс 1,31; Ис 35,5-6; Мт 11,5; 15,31И прекумерно се чудеа и велеа: „Сѐ добро прави; и глувите ги прави да слу­шаат и немите да зборуваат!“

Селектирано:

Марко 7: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се