Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 5

5
Исус исцелува од нечист дух
(Мт 8,28-34; Лк 8,26-39)
1Преминаа на другата страна на морето, во Гадаринската земја. 2#1,23; Ис 65,4И кога Тој излезе од коработ, вед­наш од гробовите Го пресретна еден човек со нечист дух, 3кој престојуваше во гробовите, и дури и со синџири никој не можеше да го врзе; 4зашто многупати беше ставан во окови и во синџири, ама ги кршеше оковите и ги раскинуваше синџирите, и никој не можеше да го скроти. 5Постојано, ноќе и дење, тој беше во гро­бовите и по ридиштата, викаше и се уди­ра­ше со камења. 6Штом Го виде Исус оддалеку, при­трча и падна ничкум пред Него. 7#1,1.24; Мт 8,29; Лк 1,32Па извикувајќи со силен глас, рече: „Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!“ 8Зашто Исус му беше рекол: „Духу нечист, излези од човекот!“ 9#Мт 12,45; Лк 8,2.27И го праша: „Како ти е името?“ А тој одговори и рече: „Легија#5,9 Легија е најголемата и основна единица на римската војска, во различно време со различна бројна состојба; во преносна смисла – голем број, мноштво. ми е името, зашто сме многумина.“ 10И многу Го молеа да не ги брка од таа земја. 11А таму, по ридот, пасеше големо стадо свињи. 12И сите демони Го молеа и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“ 13И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурна стадото низ стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето. 14А оние што ги пасеа свињите, по­бегнаа и известија во градот и по селата. И излегоа луѓето да видат што станало. 15#Лк 8,35И дојдоа кај Исус и го видоа опседнатиот од демони во кого имаше легија, како се­ди облечен и со здрав ум; и се упла­шија. 16А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со демоноопседнатиот и со свињите. 17#Дела 16,39И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта. 18#3,14А кога се качи во коработ, оној, што претходно беше опседнат од демони, Го по­моли да биде со Него. 19#1,34; 8,26; Пс 65,16; Лк 8,39Исус не му дозволи, туку му рече: „Оди си дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те по­милува.“ 20#Мт 3,1; 4,25Тој отиде и почна да раскажува по Десетградието за она што Исус му го направи. И сите се чудеа.
Излекувањето на болна жена и оживувањето на Јаировата ќерка
(Мт 9,18-26; Лк 8,40-56)
21 # 2,13 А кога Исус повторно премина со коработ на другата страна, кај Него се собра многу народ. И беше покрај морето. 22И ете, дојде еден од старешините на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред Неговите нозе 23#Мт 9,18; Лк 4,40; Дела 9,12.17; 28,8и усрдно Го молеше гово­реј­ќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и по­ложи ги рацете на неа, за да оздрави и да живее!“ 24И Исус појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа. 25#3 Мојс 15,25Една жена, што боледуваше од крво­течение дванаесет години, 26и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и без никаква полза, а ѝ станало дури уште полошо, 27#6,56; Мт 14,36; Дела 5,15#3 Мојс 15,27штом чу за Исус, дојде меѓу народот одзади и се допре до Него­вата облека; 28зашто си велеше: „Само ако се доп­рам до Неговата облека, ќе оздравам.“ 29#Дела 19,12И веднаш престана крвотечението и таа почувстува во своето тело дека е излеку­ва­на од болеста. 30#Лк 5,17; 6,19А Исус веднаш почувствува во Се­бе дека од Него излезе сила, па се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до мојата облека?“ 31Неговите ученици Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ’Кој се допре до Мене?‘“ 32Но Тој гледаше наоколу, за да ја ви­ди онаа што го направи тоа. 33А жената, уплашена и растре­пе­ре­на, знаејќи што стана со неа, пријде, падна ничкум пред Него и Му ја кажа целата вистина. 34#10,52; 1 Цар 1,17; 2 Цар 15,9; Лк 7,50; Јк 2,16А Тој ѝ рече: „Ќерко, твојата вера те спаси; оди си во мир и биди здрава од својата болест!“ 35#Јн 11,21.32Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај старешината на синагогата и ре­коа: „Ќерка ти умре; зошто уште Му додеваш на Учителот?“ 36Но Исус, само што ги чу зборовите што ги кажаа, му рече на старешината на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“ 37#9,2; 14,33; Мт 17,1И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков и на Јован, братот на Јаков. 38Дојде во куќата на старешината на синагогата и виде метеж, пла­чење и силно лелекање. 39#Дела 20,10; 1 Кор 11,30; 15,6И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Детето не е умрено, туку спие!“ 40А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, от­како ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на детето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девој­че­то. 41#9,27; Дела 9,40И го фати детето за рака, па му рече: „Талита, куми!“ – што значи: „Де­војче, тебе ти велам, стани!“ 42И девојчето веднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите многу се вчудовидоа. 43#1,34; 7,36; 9,9; Мт 8,4; Лк 9,21 А Тој строго им заповеда никој да не разбере за тоа, и рече да ѝ дадат да ја­де!

Селектирано:

Марко 5: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се