Марко 11
11
Свеченото влегување во Ерусалим
(Мт 21,1-11; Лк 19,28-40; Јн 12,12-19)
1 #
13,3; 14,26; Зах 14,4; Лк 21,37; Јн 8,1; Дела 1,12 И кога се приближи до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, кај Маслиновата Гора, Исус испрати двајца од Своите ученици, 2#Зах 9,9и им рече: „Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом ќе влезете во него, ќе најдете врзано прле, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го! 3А ако некој ви рече: ’Зошто го правите тоа?‘ Кажете дека Му е потребно на Господ; и тој веднаш ќе го прати тука.“ 4Тие отидоа и најдоа прле, врзано за портата однадвор, на крстопатот, и го одврзаа. 5И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате прлето?“ 6А овие им одговорија како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија. 7И го доведоа прлето кај Исус, ги положија врз него своите алишта и Тој седна на него. 8И мнозина ги постилаа своите облеки по патот; други, пак, сечеа гранчиња од дрвјата и ги постилаа по патот. 9#Пс 117,25.26; Мт 21,15; 23,39А оние, што врвеа пред Него и по Него, извикуваа, велејќи: „Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово! 10#2 Цар 7,16; Пс 147,1; Јов 16,19; Лк 1,32-33Благословено е царството на нашиот татко Давид, кое доаѓа во името Господово! Осана во висините!“ 11И Исус влезе во Ерусалим, и во храмот, разгледа сѐ, па, бидејќи веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесеттемина во Витанија.
Смоквата што не дава плод
(Мт 21,18-19)
12А утредента, кога излегоа од Витанија, Тој огладне; 13#Ер 8,13; Мих 7,1; Лк 13,6и откако оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи за да види дали ќе најде нешто на неа; но кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше времето за смокви. 14#11,20И проговори Исус и ѝ рече: „Отсега никој да не вкуси плод од тебе довека!“ И Неговите ученици го чуја тоа.
Исус во храмот
(Мт 21,12-17; Лк 19,45-47; Јн 2,13-22)
15 #
11,27; Јн 2,14-15 И дојдоа во Ерусалим. И откако влезе Исус во храмот, почна да ги истерува оние што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврте масите на менувачите на пари и столовите на оние што продаваа гулаби; 16и не дозволуваше никој преку храмот да пренесе каков и да било сад. 17#Ис 56,7; Ер 7,11; Мт 21,13; Лк 19,46; Јн 2,16И ги поучуваше, велејќи: „Зар не е напишано: ’Мојот дом ќе се нарече дом за молитва на сите народи‘? А вие го направивте разбојничка пештера!“ 18#1,22; 6,2; Мт 14,5; 21,46; Лк 22,2И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, бараа начин како да Го погубат, бидејќи се плашеа од Него, зашто сиот народ се восхитуваше на Неговото учење. 19#Мт 21,17А кога се стемни, Тој излезе надвор од градот.
Поука за смоквата
(Мт 21,20-22)
20 #
11,14
Следното утро, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен. 21И Петар се сети и Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила!“ 22#Јн 14,1А Исус им одговори и рече: „Имајте вера во Бога. 23#9,23; Мт 8,10; 17,20 Зашто, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ’Крени се и фрли се во морето!‘ и не се посомнева во своето срце, туку поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже. 24#Ер 29,12; Мт 18,19; Јн 11,22Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе добиете – и ќе ви се оствари. 25#Мт 5,23-24; 6,14; Ефес 4,32; Кол 3,13И кога стоите на молитва, простувајте ако имате нешто против некого, та и вашиот Отец, Кој е на небесата, да ви ги прости вашите грешки. 26#Мт 6,15; 18,35Ако ли, пак, вие не простувате, и вашиот Отец, Кој е на небесата, нема да ви ги прости вашите грешки.“
Исусовата власт
(Мт 21,23-27; Лк 20,1-8)
27 #
8,31; 14,43.53; 15,1; Мт 27,41; Дела 4,5 И пак дојдоа во Ерусалим; а кога Исус одеше низ храмот, кај Него дојдоа првосвештениците, книжниците и старешините, 28па Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа? И кој Ти ја дал таа власт да го правиш ова?“ 29А Исус им одговори и рече: „Ќе ве прашам и Јас нешто и одговорете Ми, па ќе ви кажам, со каква власт го правам ова. 30#Мт 3,6 Јовановото крштевање беше од небото или од луѓето? Одговорете Ми.“ 31#Мт 21,32; Лк 7,30А тие си говореа и велеа: „Ако кажеме ’од небото‘ – ќе рече: ’Па зошто не му поверувавте?‘ 32#Мт 14,5Но ако кажеме: ’од луѓето‘“ – се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јован за вистински пророк. 33И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Исус им одговори и рече: „Ниту Јас не ви кажувам со каква власт го правам ова.“
Селектирано:
Марко 11: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023