Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 20

20
Парабола за работниците во лозјето
1 # 21,33 „Зашто царството небесно приле­га на домаќин, кој излезе рано наутро да најми работници за своето лозје. 2Па, штом се спогоди со работниците по динариј на ден, ги прати во своето лозје. 3Потоа, кога излезе околу третиот#20,3 Тоа е околу 9 часот наутро. час и виде други како стојат на паза­риштето без работа, 4#21,28; Кол 4,1им рече: ’Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам.‘ И тие отидоа. 5Повторно излезе околу шестиот и деветтиот#20,5 Околу 12 и 15 часот. час и направи исто. 6А околу единаесеттиот#20,6 Околу 17 часот. час одново излезе и најде други, како стојат без работа, и им рече: ’Зошто стоите тука цел ден без работа?‘ 7Тие му рекоа: ’Бидејќи никој не нѐ најми.‘ А тој им рече: ’Отидете и вие во лозјето и што е право ќе добиете.‘ 8#3 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,15А приквечер, господарот на лозјето му рече на својот настојник: ’Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните па до првите.‘ 9И дојдените околу единаесеттиот час добија по динариј. 10А кога дојдоа првите, помислија дека ќе добијат повеќе; но и тие добија по динариј; 11и штом добија, негодуваа против господарот, 12и велеа: ’Овие последниве работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тежината на денот и жегата.‘ 13А тој му одговори на еден од нив: ’Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за динариј? 14Земи си го своето и оди си; и на овој последниов, сакам да му дадам колку и тебе. 15#6,23; Мк 7,22; Рим 9,19-21Зар немам право да правам со своето што сакам? Или окото ти е завидливо, зашто сум добар?‘ 16#19,30; Мк 10,31; Лк 13,30Така последните ќе бидат први, а првите – последни; зашто мнозина се повикани, но малкумина избрани.“
Исус по третпат ги навестува Својата смрт и воскресение
(Мк 10,32-34; Лк 18,31-34)
17И кога Исус се искачуваше кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесеттемина ученици и по патот им рече: 18#7,22-23; 16,21„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе им биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт, 19#26,2; Лк 24,7.46; Дела 10,40; 1 Кор 15,4и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан, и камшикуван, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне.“
Честољубие и вистинско служење
(Мк 10,33-45; Лк 22,25-27)
20 # 27,56 Тогаш Му пристапи мајката на Зеведеевите синови, заедно со своите синови и, поклонувајќи Му се ничкум, Го мо­леше нешто. 21#19,28А Тој ѝ рече: „Што сакаш?“ Таа Му одговори: „Заповедај овие мои два сина да седнат до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево во Твоето царство!“ 22#26,39.42; Ис 51,17-23; Ер 25,15-29; Јн 18,11А Исус, одговарајќи, рече: „Не зна­ете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштевањето со кое се крштевам Јас?“ Тие Му одговорија: „Можеме.“ 23#24,36; 26,39И Тој им рече: „Мојата чаша ќе ја пиете и со крштевањето, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите, но да се седи од Мојата десна или лева страна не е на Мене да дадам, туку тоа е за оние за кои е подготвено од Мојот Отец.“ 24И десетте, штом го чуја тоа, негодуваа против двајцата браќа. 25#Лк 22,24-27Но Исус ги повика и им рече: „Знаете дека кнезовите на народите господарат над нив и дека големците владеат над нив. 26#Мк 10,43-44Но меѓу вас нека не биде така; туку кој сака да биде големец меѓу вас, нека ви биде служител; 27#Мк 9,35; Јн 13,4-15и кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга; 28#8,20; Ис 53,10; Мк 10,45; Рим 5,6; 1 Тим 2,6како што и Синот Човечки не дојде за да Му служат, туку да служи и да го даде Својот живот за откуп на мнозина.“
Излекувањето на двајцата слепи од Ерихон
(Мк 10,46-52; Лк 18,35-43)
29И кога тие излегуваа од Ерихон, по Него врвеше многу народ. 30#9,27И ете, двајца слепи, седнати покрај патот, штом чуја дека минува Исус, извикаа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Давидов!“ 31А народот ги укоруваше да молчат; но тие уште посилно викаа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Да­ви­дов!“ 32А Исус застана, ги повика и рече: „Што сакате да сторам за вас?“ 33#11,5Тие Му одговорија: „Да ни се отворат очите, Господи.“ 34#8,3; 9,29-30; Лк 10,33И Исус се смилува и им ги допре очите, и тие веднаш прогледаа и тргнаа по Него.

Селектирано:

Матеј 20: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се