Матеј 16
16
Фарисеите бараат знак
(Мк 8,11-13; Лк 12,54-56)
1 #
12,38; 22,15.35 Тогаш пристапија фарисеите и садукеите и, искушувајќи Го, побараа да им покаже знак од небото. 2Тој, одговарајќи им, рече: „Навечер велите: ’ќе биде ведро, зашто небото е црвено‘; 3а наутро: ’денес ќе има невреме, зашто небото е црвено и тмурно.‘ Лицемери, изгледот на небото умеете да го распознавате, а знаците на времињата не можете?! 4#12,39 Лукаво и прељуботворно поколение бара знак, но знак нема да му се даде освен знакот на пророкот Јона.“ Па ги остави и си замина.
За квасот на фарисеите
(Мк 8,14-21; Лк 12,1-6)
5И, преминувајќи на спротивната страна, Неговите ученици беа заборавиле да земат леб. 6#Лк 12,1; 1 Кор 5,6-8; Гал 5,9Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасот на фарисеите и садукеите!“ 7А тие, разговарајќи меѓу себе, си велеа: „Тоа е зашто не зедовме леб!“ 8#6,30-31; Мк 4,13Но Исус ги разбра и им рече: „Маловерни, зошто си велите меѓу себе дека не сте зеле леб? 9#14,13-21; 15,38Уште ли не разбирате и не помните за петте леба на пет илјади души и колку кошеви собравте? 10#Мк 8,1-9Ниту за седумте леба на четири илјади души и колку кошници собравте? 11#16,6Како не разбирате дека не поради лебот реков: ’Чувајте се од квасот на фарисеите и садукеите!‘“ 12Тогаш разбраа дека Тој им беше рекол да се пазат не од лебниот квас, туку од учењето на фарисеите и садукеите.
Сведоштвото на Петар
(Мк 8,27-30; Лк 9,18-21)
13 #
8,20
А кога Исус дојде во областа на Кесарија Филипова, ги праша Своите ученици и рече: „Што велат луѓето за Мене, Синот Човечки?“ 14#5 Мојс 18,15; Мк 6,14-15; Лк 7,16.39; 9,7-8; 24,19; Јн 4,19Тие одговорија: „Едни дека си Јован Крстител, други, пак, Илија, а некои Еремија или еден од пророците.“ 15А Тој им рече: „А вие што велите, Кој сум Јас?“ 16#4,3; 14,33; Јн 6,69Симон Петар одговори: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“ 17#Рим 7,5; Гал 1,16 Тогаш Исус, одговорајќи, рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Отец, Кој е на небесата. 18#Јн 1,42; 1 Птр 1,1; 3,19А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен#16,18 Игра на зборови, зашто и Петар значи камен. Сепак, личното име е Петрос, а втората именка е петра. ќе ја изградам Својата Црква, и портите на адот нема да ја надвладеат. 19#Ис 22,22И ќе ти ги дадам клучевите од царството небесно, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.“ 20#8,4Тогаш Исус им заповеда на Своите ученици да не кажуваат никому дека Тој е Исус Христос.
Исус ги навестува Својата смрт и Своето воскресение
(Мк 8,31-33; Лк 9,22)
21 #
17,12.22-23; 20,17-19; 27,63; Лк 13,32-33; Дела 10,40; 1 Кор 15,3-4 Оттогаш Исус почна да им открива на Своите ученици дека Тој треба да отиде во Ерусалим и многу да пострада од старешините, првосвештениците и книжниците и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне. 22А Петар Го повлече настрана и почна да Го одвраќа, велејќи: „Не дај Боже, Господи; тоа нема да Ти се случи!“ 23#4,10Но Тој се заврте и му рече на Петар: „Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазна, зашто не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко!“
Патот на Исусовите следбеници
(Мк 8,34–9,1; Лк 9,23-27)
24 #
4,19; 10,38; Лк 14,27 Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека врви по Мене. 25#10,39; Лк 17,33; Јн 12,25-26Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде: 26зашто каква полза ќе има човек ако го придобие целиот свет, а на својата душа ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? 27#8,20; Пс 61,12; Изреки 24,12; Сир 35,22; Рим 2,6; 2 Сол 1,7Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со Своите ангели, и тогаш ќе му даде секому според неговите дела. 28#10,23; 24,30.34; 26,64Вистина ви велам: тука стојат некои што нема да вкусат смрт додека не Го видат Синот Човечки како доаѓа во Своето царство.“
Селектирано:
Матеј 16: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023