Матеј 14
14
Смртта на Јован Крстител
(Мк 6,14-29; Лк 3,19-20; 9,7-9)
1 #
16,14; Лк 3,1.19; 23,6-12.15 Во тоа време гласот за Исус го слушна и четворовласникот#14,1 Во оригиналниот текст стои тетрарх, т.е. владетел над четирите области. Ирод, 2кој им рече на своите слуги: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал од мртвите, па затоа и чуда се случуваат преку него!“ 3#3 Мојс 18,16; 20,21#Лк 3,19-20Зашто Ирод, откако го фати Јован, го врза и го фрли во затвор поради Иродијада, жената на брат му Филип; 4бидејќи Јован му велеше: „Не ти е допуштено да ја имаш неа!“ 5#21,26; Лк 1,76И сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто го сметаа за пророк. 6А кога му беше роденден на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред гостите и му угоди на Ирод; 7затоа тој ѝ се заколна дека ќе ѝ даде што и да побара. 8А таа, поучена од мајка ѝ, рече: „Дај ми ја овде на чинија главата на Јован Крстител!“ 9Царот се натажи, но заради заклетвата и гостите, нареди да ѝ ја дадат. 10Па прати да го обезглават Јован во затворот. 11И ја донесоа неговата глава на чинија и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на својата мајка. 12#Дела 8,2А неговите ученици дојдоа, го зедоа неговото тело и го погребаа; па отидоа и Го известија Исус.
Исус нахранува над пет илјади луѓе
(Мк 6,30-44; Лк 9,10-17; Јн 6,1-14)
13Штом го чу тоа, Исус замина оттаму со кораб во пусто место, насамо; а народот, штом слушна за тоа, тргна по Него пеш од градовите. 14#9,36; 15,32 И кога Исус излезе, виде многу народ; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни. 15А кога се стемни, Му пријдоа Неговите ученици и рекоа: „Местово е пусто, а и веќе е доцна; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“ 16#4 Цар 4,42-44Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“ 17#15,34-38А тие Му рекоа: „Немаме овде ништо освен пет леба и две риби.“ 18Тој им рече: „Донесете Ми ги тука!“ 19#26,26; Мк 6,41; Јн 11,41; 17,1И откако му заповеда на народот да седне на тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги раскрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот. 20#2 Мојс 16,4.12; Пс 77,29И јадеа сите и се наситија; и собраа дванаесет кошеви полни со останати парчиња. 21А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, не броејќи ги жените и децата.
Исус оди по површината на водата
(Мк 6,45-52; Јн 6,15-21)
22И Исус веднаш ги натера Своите ученици да влезат во коработ и пред Него да минат на другата страна, додека Тој да го распушти народот. 23#Мк 1,35; Јн 6,15Па, штом го распушти народот, Тој се искачи на планината за да се помоли насамо. И кога се стемни, Тој беше таму сам. 24Коработ, пак, беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто дуваше спротивен ветар. 25#Јов 9,8Но, на четвртата стража#14,25 Меѓу 3 и 6 часот наутро. од ноќта, Исус дојде кај нив, одејќи по морето. 26#Лк 24,37А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв гласно извикаа. 27Но Исус веднаш им прозборе, велејќи: „Бидете храбри! Јас сум, не плашете се!“ 28А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водата!“ 29И Исус му рече: „Дојди!“ Па штом слезе од коработ, Петар тргна по водата за да дојде кај Исус; 30но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да тоне и гласно извика: „Господи, спаси ме!“ 31#6,30; 8,26Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?“ 32#Мк 4,39И, кога влегоа во коработ, ветрот престана. 33#8,29; Дела 8,37; Рим 1,4; Евр 4,14А оние што беа во коработ Му пристапија, паднаа ничкум пред Него и рекоа: „Навистина си Син Божји!“
Исус лекува во Генисаретскиот крај
(Мк 6,53-56)
34Па откако преминаа, дојдоа во Генисаретската земја. 35Луѓето од тоа место, штом Го познаа, разгласија по целата таа околија и Му ги донесоа сите болни. 36#9,20-22; Лк 6,19И Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие што се допреа, оздравеа.
Селектирано:
Матеј 14: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023