Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 3

3
Проповедањето на Јован Крстител
(Мт 3,1-6; Мк 1,1-6; Јн 1,19-31)
1 # 23,1; Мт 14,1 Во петнаесеттата година од вла­деењето на цезарот Тибериј, кога Пон­тиј Пилат беше управител на Ју­де­ја, а Ирод четворовласник на Галилеја, и Филип, брат му, четворовласник на Итуриската и на Трахонитската област, и Ли­саниј четворовласник на Авилинија, 2#1,80; Ер 1,2; Ос 1,1; Мт 3,1; Јн 11,49; 18,24.28; Дела 4,6 во времето на првосвештениците Ана и Кајафа, дојде Божјиот збор до Јо­ван, синот на Захарија, во пустината. 3#24,47; Мт 3,1.6; Мк 1,4; Дела 13,24И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крш­те­ва­ње за простување на гревовите, 4#Ис 40,3-5#Јн 1,23како што е напишано во кни­га­та со зборовите на пророкот Иса­ија, кој вели: „Гласот на оној што вика во пустината: ’Подгответе го Гос­подо­виот пат и исправете ги Неговите патеки; 5#1,52; 14,11секоја долина нека се исполни и се­која гора и секоја планина нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамни­те патишта нека се израмнат, 6#2,30-31; Дела 28,28; Тит 2,11и секој човек ќе го види Божјото спасение!‘“
Најавување на Судниот ден
(Мт 3,7-10)
7 # Мт 3,7; 23,33 А на луѓето што доаѓаа кај него да се крстат, им велеше: „Змиини рожби, кој ви кажа да бегате од гневот што иде? 8#Јн 8,33.39; Дела 26,20; Рим 4,16Но принесете плодови достојни на по­кајанието и не почнувајте да говорите во себе: ’Наш татко е Авраам!‘ Зашто ви велам дека Бог може и од овие камења да му подигне чеда на Авраам. 9#Мт 7,19; Јн 15,6; Евр 6,7-8А и секирата веќе лежи до ко­ре­нот на дрвјата; и секое дрво, што не да­ва добар род, се сече и се фрла во оган.“
Плодовите на покајанието
10 # 10,25; Дела 2,37 И народот го праша, велејќи: „То­гаш што да правиме?“ 11#12,33; Ис 58,7А тој им одговори и рече: „Кој има две облеки, нека ја даде едната на оној што нема ниту една; а кој има храна, нека го направи истото.“ 12#7,29; Мт 5,46Дојдоа и даночници да се крстат и му рекоа: „Учителе, што да прави­ме?“ 13А тој им рече: „Не барајте повеќе од она што ви е одредено.“ 14Го прашаа и некои војници, гово­реј­ќи: „А ние, што да правиме?“ И им рече: „Никого не угнетувајте, ниту клеветете и бидете задоволни со вашите плати.“
Најавување на Месијата
(Мт 3,11-12; Мк 1,7-8)
15 # 2,11.26; 9,20; 22,67; 23,2.35.39; Јн 1,19-20; Дела 13,25 А бидејќи народот беше во исчеку­ва­ње, па сите помислуваа во своите срца за Јован, дека можеби тој е Христос, 16#Јн 1,26-27.33Јован им одговараше на сите, ве­леј­ќи: „Јас ве крштевам со вода; но иде По­силниот од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ремењата на Неговите обув­ки: Тој ќе ве крсти со Светиот Дух и со оган. 17#Ис 5,24; 47,14; Ер 15,7; 51,2; Наум 1,10; Мт 13,30Лопатата е во Неговата рака и Тој ќе го очисти Своето гумно, и ќе го собере житото во Својот амбар, а плевата ќе ја изгори во неизгаслив оган.“ 18И поттикнувајќи го со уште многу други нешта, тој му благовестеше на народот.
Јован во затвор
(Мт 14,3-4; Мк 6,17-18)
19 # Мт 14,4; Мк 6,18 А Ирод четворовласникот, укорен од него поради Иродијада, жената на брат му, и за сите злодела што Ирод ги беше направил, 20#Мт 14,3; Мк 6,17кон сето ова го додаде и тоа што го фрли Јован во затвор.
Исусовото крштевање
(Мт 3,13-17; Мк 1,9-11)
21 # 5,16; 6,12; 9,18.28-29; 11,1; 22,32.40-46; 23,34.46; Мт 14,23; Мк 6,46 А кога се крсти сиот народ, се крс­ти и Исус; и додека се молеше, се от­во­ри небото, 22#9,35; 1 Мојс 22,2; Ис 42,1; Пс 2,7; 2 Птр 1,17и Светиот Дух слезе врз Него во те­лесен облик, како гулаб, и се слушна глас од небото, кој говореше: „Ти си Мо­јот воз­љубен Син; во Тебе е Мојата вол­ја.“
Исусовото родословие
(Мт 1,1-17)
23 # Мт 1,18; 13,55; Јн 6,42; 8,57 Кога почна да проповеда, Исус има­ше околу триесет години и, како што мислеа, беше син Јосифов, Илиев, 24Мататов, Левиев, Мелхиев, Јанаев, Јосифов, 25Мататиев, Амосов, Наумов, Ес­ли­мов, Нагеев, 26Маатов, Мататиев, Семеиев, Јо­си­фов, Јодин, 27#1 Лет 3,17; 1 Езд 3,2; Мт 1,12Јоананов, Рисаев, Зоровавелов, Салатиилов, Нириев, 28Мелхиев, Адиев, Косамов, Ел­мо­да­мов, Иров, 29Јосиев, Елиезеров, Јоримов, Ма­та­тов, Левиев, 30Симеонов, Јудин, Јосифов, Јоана­нов, Елијакимов, 31#1 Цар 16,1.13; Мт 1,1#Рута 4,17-22; 1 Лет 2,3-15#2 Цар 5,14Мелеаев, Маинанов, Мататаев, На­танов, Давидов, 32Јесеев, Овидов, Воозов, Салмонов, Наасонов, 33#1 Мојс 29,35 Аминадавов, Арамов, Есромов, Фа­ресов, Јудин, 34#1 Мојс 25,19.26#1 Мојс 11,10-26; 1 Лет 1,24-27Јаковов, Исаков, Авраамов, Тарин, Нахоров, 35Серухов, Рагавов, Фалеков, Еверов, Салин, 36#1 Мојс 4,25–5,32; 1 Лет 1,1-4Каинанов, Арфаксадов, Симов, Но­ев, Ламехов, 37Матусалов, Енохов, Јаредов, Ма­ле­леилов, Каинанов, 38#Мт 14,33; Мк 1,1Еносов, Ситов, Адамов, Божји.

Селектирано:

Лука 3: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

Видео за Лука 3