Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 13

13
Повик за покајување
1 # Дела 5,37 Во истото време дојдоа и некои и Го известија за Гали­лејците, чија крв Пи­лат ја беше смешал со нивните жртви. 2#Јн 9,2-3Исус им одговори и рече: „Зар мислите дека тие Галилејци беа најголемите грешници од сите Галилејци, па затоа така пострадаа? 3#Пс 7,11-12Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете! 4Или мислите дека оние осумнаесетмина, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа највиновни од си­те други што живеат во Ерусалим? 5Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“
Парабола за неплодната смоква
6 # 6,43-44; Мт 21,19 И ја кажа оваа парабола: „Некој чо­век имаше смоква посадена во своето лозје, па дојде да бара род на неа, но не најде. 7#Мт 3,10; 7,19Тогаш му рече на лозарот: ’Ете, три години доаѓам, барајќи род на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата?.‘ 8#2 Птр 3,9.15А тој му одговори и рече: ’Гос­по­да­ре, остави ја и оваа година, додека да ја опкопам и наѓубрам; 9па, можеби ќе даде род; а ако не даде, то­гаш ќе ја пресечеш.‘“
Исцелувањето на згрчената жена
10 # 6,6 Една сабота Тој по­у­чу­ва­ше во една од синагогите. 11#Мт 8,29.31И ете, таму беше една жена која имаше дух кој осумнаесет години ја држеше немоќна. Таа беше згрчена и никако не можеше да се исправи; 12штом ја виде Исус, ја повика и ѝ ре­че: „Жено, ослободена си од твојата немоќ.“ 13#4,40; Мт 9,18И ги стави Своите раце врз неа; и таа веднаш се исправи и Го славеше Бога. 14#6,7; 2 Мојс 20,9-10; 5 Мојс 5,13-14; Мт 12,1; Јн 5,16; 7,23; 9,14.16А старешината на синагогата, негодувајќи што Исус ја излекува во саботен ден, проговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; то­гаш доаѓајте и лекувајте се, а не во са­бо­та!“ 15#14,5; Мт 12,11Но Господ му одговори и рече: „Ли­цемере, не го одврзува ли секој својот вол или магаре од јаслите во саботен ден и не го води ли да го напои? 16А оваа ќерка на Авраам, што ја вр­зал сатаната еве веќе осумнаесет години, зар не требаше да се ослободи од тие окови во сабота?“ 17#4,15И штом го рече ова, сите што беа против Него се засрамија; и целиот на­род се радуваше за сите славни дела из­вршени од Него.
Парабола за синаповото зрно
(Мт 13,31-32; Мк 4,30-32)
18 # Мт 3,2; 6,10 А Тој рече: „На што прилега царството Божјо и со што да го споредам? 19#Ез 17,23; 31,6; Пс 103,12; Дан 4,9.18Тоа е како синапово зрно, што го зема човек, и го сее во својата градина и тоа расте и станува го­лемо дрво; па и небесните птици се вгнездуваат на неговите гранки.“
Споредба со квасецот
(Мт 13,33)
20 # 1 Кор 5,6; Гал 5,9 Повторно рече: „Со што да го споредам царството Божјо? 21Тоа прилега на квас што го зема жена, та го става во три мери браш­но, додека целото да скисне.“
Тесната врата
(Мт 7,13-14.21-23)
22 # 9,51; 17,11; 19,28 И по патот за Ерусалим минуваше низ градови и села и поучуваше. 23Некој, пак, Му рече: „Господи, мал­кумина ли се оние што ќе бидат спасени?“ А Тој им рече: 24#16,16; Мк 10,25„Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто, ви велам: мнозина ќе сакат да влезат и не ќе можат. 25#Мт 25,10-12Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, сто­ејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ’Господи, Господи, отвори ни!‘ Тој ќе ви одговори и ќе ви рече: ’Не ве познавам од каде сте!‘ 26Тогаш ќе почнете да зборувате: ’Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.‘ 27#Пс 6,10; 1 Мак 3,6А Тој ќе рече: ’Ви велам: не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!‘ 28#16,22; Мт 8,11-12Таму ќе биде плач и крцкање со заби, кога Авраам, Исак и Јаков и сите пророци ќе ги видите во царството Божјо, а себеси – истерани надвор. 29#14,15-24; 22,16.18.30; Ис 2,2-5; 25,6-8; 66,18-21; Пс 106,3И ќе дојдат од исток и од запад, од се­вер и од југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо. 30#Мт 19,30; 20,16; Мк 10,31И така, има последни што ќе бидат први, а има и први што ќе бидат последни.“
Исус и Ерусалим
(Мт 23,37-39)
31 # 14,1 Во тој ден пристапија некои фа­рисеи и Му рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод сака да Те убие!“ 32И им рече: „Одете и кажете ѝ на таа лисица: ете, истерувам демони и ис­целувам денес и утре – а на трети­от ден ќе завршам; 33#2,38; Мт 16,14но Јас треба да одам денес, утре и задутре, бидејќи не може пророк да загине надвор од Ерусалим. 34Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш пратените кај тебе, колку­пати сакав да ги соберам твоите чеда како што квачка ги собира своите пилиња под крилјата, но не сакавте. 35#19,38; 21,6; Ер 7,1-15.26; 12,7; 22,5; Ез 8–11; Мих 3,12; Пс 68,25; 117,26; Мт 21,9И ете, ви се остава пуст вашиот дом. А Јас ви велам дека нема да Ме ви­дите сѐ додека не дојде времето да ка­жете: ’Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!‘“

Селектирано:

Лука 13: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

Видео за Лука 13