Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 1

1
Предговор и посвета
1Бидејќи мнозина се обидоа да состават повест за настаните што се беа случиле меѓу нас, 2#Јн 15,27; Дела 4,31; 11,1; Евр 2,3; 1 Јн 1,1како што ни ги предадоа оние што уште од почетокот беа очевидци и слу­жители на Словото, 3#Дела 1,1 затоа, најпочитуван Теофиле, и мене ми се виде добро, откако испитав подробно сѐ од почетокот, да ти опишам по ред, 4#Јн 20,31за да ја познаеш веродостојноста на тоа, во кое си поучуван.
Ангел го објавува раѓањето на Јован Крстител
5 # 1 Лет 24,10 Во деновите на Ирод, јудејскиот цар, имаше еден свештеник по име За­ха­рија, од редот на Авија; а жена му беше од Ароновите ќерки и се викаше Ели­са­вета. 6И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи беспрекорно според сите Господови заповеди и повелби. 7#1 Мојс 11,30; 18,11; 29,31; Суд 13,2-3; 1 Цар 1,5Тие немаа деца, зашто Елисавета бе­ше неплодна; а обајцата беа веќе во поод­ми­нати години. 8#1 Лет 23,13Еднаш, додека тој по редот на својот чин служеше пред Бога, 9#2 Мојс 30,7според обичајот на свештенството, нему му се падна ждрепката да влезе во Господовиот храм и да покади. 10#1,21За време на кадењето целото мноштво народ се молеше надвор. 11#2,9; 3 Цар 6,20-21; 7,48; Мт 1,20; Дела 5,19Тогаш му се јави ангел Господов, кој стоеше од десната страна на кадилниот жртвеник. 12#2,9; 9,34; 24,5.37; Суд 6,22; 13,20.22; Дан 8,17-18; Тов 12,16; Дела 2,43Захарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде. 13#1 Мојс 17,19; Суд 13,3.5; Ис 7,14; Дан 10,12; Мт 28,5Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е ус­ли­шана и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му дадеш име Јован. 14И ќе ти биде радост и веселие и мно­зина ќе се зарадуваат поради негово­то ра­ѓање. 15#1,41-44; 7,33; 3 Мојс 10,9; 4 Мојс 6,3; Суд 13,4-5; 13,7.14; Ис 49,1.5; Ер 1,5; Гал 1,15Зашто тој ќе биде велик пред Гос­под и нема да пие вино ниту жесток пијалак, а ќе се исполни со Светиот Дух уште во утробата на својата мајка; 16#Мал 2,6и мнозина од Израилевите синови ќе обрати кон нивниот Господ Бог; 17#Ис 40,3; Мал 3,24; Сир 48,10; Мт 11,14и тој ќе оди пред Него во духот и си­лата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата и непокорни­те кон мудроста на праведните, па да Му приготви на Господа подготвен народ.“ 18#1,34; 1 Мојс 15,8; 18,11А Захарија му рече на ангелот: „По што ќе го познам тоа? Зашто јас сум стар, а и жена ми е веќе во поодминати години.“ 19#2,10; 4,18; Дан 8,16; 9,21; Тов 12,15; Мк 1,1Ангелот му одговори и рече: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да ти го благовестам ова; 20#1,45; Ез 3,26; Мт 8,10и ете, ти ќе замолкнеш и не ќе можеш да зборуваш до оној ден кога ќе се случи тоа, затоа што не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.“ 21Народот го чекаше Захарија и се чудеше зошто се задржа во храмот. 22А кога излезе, не можеше да зборува со нив; и така разбраа дека имал ви­дение во храмот. Тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем. 23И откако се исполнија деновите на него­ва­та служба, тој се врати дома. 24По тие денови зачна неговата жена Елисавета и криеше пет месеци, велејќи: 25#1 Мојс 30,23; Ис 4,1„Така ми направи Господ во дено­ви­те кога погледна милостиво на мене за да го отстрани мојот срам меѓу луѓето.“
Ангел Господов го објавува скорото Исусово раѓање
26 # Јн 1,46 А во шестиот месец ангелот Гаврил беше испратен од Бога во галилејскиот град, по име Назарет, 27#2,4-5; Мт 1,18кај една девојка, свршена за маж по име Јосиф, од Давидовиот дом; а името на девојката беше Марија. 28#1 Мојс 26,24; 2 Мојс 3,12; Суд 6,12; Ер 1,8.19; 15,20; Соф 3,14; Зах 2,10; Рута 2,4И кога дојде ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“ 29А таа, штом го виде, се вознемири од неговите зборови и размислуваше каков ли е тој поздрав. 30#1,13; 1 Мојс 6,8И ангелот ѝ рече: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла благодат во Бога; 31#1 Мојс 16,11; Суд 13,5; Ис 7,14; Мт 1,21-23и ете, ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Му дадеш име Исус. 32#2 Цар 7,14; Ис 9,7; Пс 2,7; 88,27; Мт 9,27; Дела 7,48; 16,17; Евр 7,1Тој ќе биде велик и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид; 33#Мих 4,7; Дан 2,44; 7,14и ќе царува над Јакововиот дом довека и Неговото царство нема да има крај.“ 34#Суд 11,39; Мт 1,18-20А Марија му рече на ангелот: „Ка­ко ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“ 35#Мт 1,20; Мк 1,24; Дела 3,14Ангелот ѝ одговори и рече: „Све­ти­от Дух ќе слезе врз тебе и силата на Се­вишниот ќе те осени; па затоа и Светиот, Кој ќе се роди, ќе се нарече Син Божји. 36#3,22; 9,35; 1 Мојс 21,2; 24,36; Мт 14,33; Мк 1,1Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неплодна, и таа зачна син во староста и веќе е во шестиот месец; 37#1 Мојс 18,14зашто за Бога ништо не е невозможно.“ 38#1 Цар 25,41; Рута 3,9Марија, пак, рече: „Еве ја Господовата слугинка; нека ми биде според твоите збо­рови!“ И ангелот си отиде откај неа.
Марија во посета кај Елисавета
39Во тие денови Марија стана и поита во горскиот крај, во Јудиниот град; 40па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета. 41#1,15Штом Елисавета го слушна поздра­вот на Марија, детето заигра во нејзината утроба; и Елисавета се исполни со Светиот Дух, 42#5 Мојс 28,4; Суд 5,24па извика со силен глас и рече: „Бла­гос­ло­вена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба! 43И од каде кај мене ова, да дојде при мене мајката на мојот Господ? 44Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав дојде до моите уши, детето радосно заигра во мојата утроба. 45#1,20; Мт 5,3; Јн 20,29; Евр 11,11И блажена е таа што поверува дека ќе се исполни она што ѝ е кажано од Господ.“ 46А Марија рече: „Мојата душа Го ве­лича Господ 47#1 Цар 2,1-10; Ис 61,10; Авак 3,18; 1 Тим 2,3; Јуда 1,25и мојот дух се зарадува во Бога, мојот Спасител, 48#11,27; 1 Мојс 30,13; 1 Цар 1,11зашто погледна на смиреноста на Својата слугинка и, ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија; 49#Соф 3,17; Пс 88,8; 110,9зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име; 50#2 Мојс 20,6; Пс 102,13.17и Неговата милост е од поколение на поколение за оние што се бојат од Него. 51#2 Цар 22,28; Пс 88,10Тој покажа сила со Својата рака; ги распрсна оние што се гордеат со мислите на своите срца; 52#Јов 5,11; 12,19ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените; 53#1 Цар 2,5; Пс 106,9гладните ги исполни со добра, а бо­гатите ги отпушти празни; 54#Ис 41,8-9; Пс 97,3го прифати Израил, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста, 55#1,72; 1 Мојс 12,3; 8,1; 9,15; 13,15; 17,7; 22,17; 2 Мојс 2,24; Мих 7,20; Гал 3,16како што им зборуваше на нашите тат­ков­ци, на Авраам и на неговото потомство довека.“ 56И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома.
Раѓањето и обрезанието на Јован Крстител
57А на Елисавета ѝ дојде времето да роди, и таа роди син. 58#1,14; 1 Мојс 19,19; Тов 11,18Кога нејзините соседи и роднини слушнаа дека Господ ја удос­тоил со Својата милост, се ра­дуваа со неа. 59#1 Мојс 17,12; 3 Мојс 12,3; Фил 3,5На осмиот ден дојдоа да го обрезат детето и сакаа да му го дадат името Захарија, по татко му. 60Но мајка му одговори и рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“ 61И ѝ рекоа: „Никој нема меѓу твоите роднини кој го носи тоа име.“ 62И го прашаа со знаци татко му, ка­ко би сакал да го наречат. 63#1,13; 8,25; 9,43; 24,12.41; Дела 2,7; 3,10Тој побара штичка и ги напиша збо­ровите: „Јован му е името.“ И сите се зачудија. 64И веднаш му се отвори устата, и јазикот му се раврза, и тој прозборе, благословувајќи Го Бога. 65#1,12; Дела 2,43И сите соседи ги обзеде страв; и се разгласи за овој настан по це­лата горска Јудеја. 66#3 Цар 18,46; Ис 53,1; Пс 79,17; 138,5Сите што слушнаа, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?“ И Господовата рака беше со не­го.
Благодарствената пророчка песна на пророкот Захарија
67А татко му Захарија се исполни со Светиот Дух и пророкуваше, говорејќи: 68#2,38; 7,16; 19,44; 21,28; 2 Мојс 3,16; Ис 63,4; Ер 29,10; Пс 40,13; 71,18; 105,4.48; 110,9; 1 Птр 1,3„Нека е благословен Господ, Израилевиот Бог, зашто го посети и го избави Својот на­род; 69#Пс 17,2; 88,25; 131,17; Мт 1,1и подигна за нас моќно спасение, во домот на Својот слуга Давид; 70како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци, 71#2 Цар 22,18; Пс 105,10дека ќе нѐ спаси од нашите непријатели и од рацете на сите што нѐ мра­зат; 72#1 Мојс 17,7; 3 Мојс 26,42; Мих 7,20; Пс 104,8-9; 105,45-46за да покаже милост над нашите тат­ков­ци и да си спомне за Својот свет завет, 73#1 Цар 12,10#1 Мојс 22,16-17; 26,3; Ер 11,5на заклетвата со која му се заколна на нашиот татко Авраам, дека ќе ни даде 74избавување од рацете на нашите неприја­тели, без страв да Му служиме 75#Тит 2,12во светост и правда пред Него, во сите денови од нашиот живот. 76#1,16-17; Ис 40,3; Мал 3,1; Мт 3,3А ти, дете, ќе се на­ре­чеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господовото лице за да Му ги подгот­виш Неговите патишта 77#Мт 26,28; Мк 1,4и да му дадеш на Неговиот народ да го познае спасението преку простува­ње на гревовите, 78#Мал 3,20а поради големото милосрдие на на­шиот Бог, со кое нѐ посети Исток од виси­ни­те, 79#2,14.29; 8,48; 10,5-6; 19,38.42; 24,36; Ис 9,2; 41,7; 59,1-2; Ер 6,14; Мих 5,4; Мт 4,16; Јн 8,12за да им блесне на оние што седат во темнина и во сенката на смртта, и да ги упати нашите нозе по патот на мирот.“ 80#2,40; 1 Мојс 21,8; 1 Цар 2,21.26; Мт 3,1А детето растеше и крепнеше со духот, и беше во пустина до денот кога се покажа пред Израил.

Селектирано:

Лука 1: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

Видео за Лука 1