Јован 21
21
Воскреснатиот Исус им се јавува на седум Свои ученици
1 #
Мт 26,32; 28,7 Потоа Исус повторно им се покажа на Своите ученици кај Тиверијадското Море. А тоа се случи вака: 2#1,45; 11,16; Лк 5,10беа заедно Симон Петар и Тома, наречен Близнак, Натанаил од Кана Галилејска, Зеведеевите синови и двајца други од Неговите ученици. 3#Лк 5,5Симон Петар им рече: „Одам да ловам риба.“ Му рекоа: „И ние ќе дојдеме со тебе.“ Тогаш излегоа и веднаш влегоа во кораб, но таа ноќ ништо не уловија. 4#20,14; Лк 24,16А кога се раздени, Исус застана на брегот, но, сепак, учениците не Го познаа дека е Исус. 5#Лк 24,41Тогаш Исус им рече: „Чеда, имате ли нешто за јадење?“ Му одговорија: „Не.“ 6#Лк 5,4-7А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на коработ и ќе најдете!“ Тие ја фрлија, и веќе не можеа да ја извлечат од многуте риби. 7#13,23; 19,26; 20,2; 21,20; Мт 14,29Ученикот, пак, кого Исус го љубеше, му рече на Петар: „Господ е!“ А Симон Петар, штом чу дека е Господ, си ја препаша облеката – зашто беше разголен, и се фрли во морето. 8А другите ученици, влечејќи ја мрежата со риби, дојдоа со коработ, зашто не беа далеку од брегот, но само околу двесте лакти. 9#Мт 4,4; Лк 24,41-43Кога, пак, излегоа на брегот, видоа запален оган, и на него ставена риба, и леб. 10Исус им рече: „Донесете од рибите што ги уловивте сега!“ 11#2 Лет 2,16; Лк 5,6А Симон Петар влезе и ја извлече мрежата на брегот, полна со големи риби – сто педесет и три на број; и макар што беа толку многу, мрежата не се скина. 12#4,27Исус им рече: „Дојдете, јадете!“ И ниту еден од учениците не се осмелуваше да Го праша: „Кој си Ти?“, зашто гледаа дека е Господ. 13#6,11; Мт 14,19; 15,36; Мк 6,41; 8,6; Лк 9,16Тогаш Исус пријде, го зеде лебот и им го даде, исто така и рибата. 14#20,19.26Ова беше веќе третпат како Исус им се покажа на Своите ученици, откако воскресна од мртвите.
Разговор меѓу Исус и Петар
15 #
1,42; 10,1-16; Мт 16,17; Лк 7,42-43; 1 Кор 15,5 А кога завршија со јадењето, Исус му рече на Симон Петар: „Симоне Јонин, Ме љубиш ли повеќе отколку овие?“ Петар Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги Моите јагниња!“ 16#Мт 2,6; Лк 22,32; Дела 20,28; 1 Птр 5,2; Откр 7,17Го праша уште еднаш, по вторпат: „Симоне Јонин, Ме љубиш ли?“ Петар Му кажа: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги Моите овци!“ 17#13,37-38; 18,17.25-27; 2 Цар 5,2; Пс 77,71-72И по третпат му рече: „Симоне Јонин, Ме љубиш ли?“ Петар се нажали дека по третпат го праша: „Ме љубиш ли?“ И Му рече: „Господи, Ти сѐ знаеш; Ти знаеш дека Те љубам.“ Исус му рече: „Паси ги Моите овци! 18#Мт 16,22; 26,39; Дела 21,11.14; 2 Птр 1,14Вистина, вистина ти велам: кога беше помлад, сам се препашуваше и одеше каде што сакаше; кога ќе остариш, ќе ги рашириш своите раце, и друг ќе те препаша и поведе каде што несакаш.“ 19#12,33; 18,32; Мк 1,17; 1 Птр 4,16А ова го рече за да покаже со каква смрт ќе Го прослави Бога. И штом го кажа тоа, му рече: „Врви по Мене!“
Омилениот ученик и сведоштвото кое останува
20 #
13,23.25; 19,26; 20,2 А Петар, обѕрнувајќи се, виде дека по нив оди ученикот кого Исус го љубеше и кој на вечерата се беше навалил на Неговите гради и беше прашал: „Господи, кој е оној што ќе Те предаде?“ 21И откако Петар го виде него, Му рече на Исус: „Господи, а што ќе биде со овој?“ 22#Мт 16,28; 1 Кор 11,26; Јк 5,7; Откр 2,25; 22,7.12.17.20Исус му рече: „Ако сакам тој да остане додека да дојдам, што те засега тебе? Ти врви по Мене!“ 23#14,3; 3 Јн 1,5И се пренесе овој збор меѓу браќата дека тој ученик нема да умре. Но Исус не му рече дека нема да умре, туку: „Ако сакам тој да остане додека дојдам, што те засега тебе?“ 24#15,27; 19,35Тој е ученикот што сведочи за овие нешта и што го напиша ова; и знаеме дека вистинско е неговото сведоштво. 25#20,30А има и многу други работи што ги направи Исус и коишто, кога би се напишале по ред, ми се чини дека ни целиот свет не би ги собрал напишаните книги. Амин!
Селектирано:
Јован 21: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023