Јован 2
2
Свадбата во Кана
1 #
4,46
На третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска и мајката на Исус беше таму. 2На свадбата беа поканети и Исус и Неговите ученици. 3#19,26И кога приврши виното, Му рече на Исус Неговата мајка: „Немаат вино.“ 4#5,25.28; 8,20; 12,23.27; 13,1; 17,1; 1 Мојс 3,15.20; Мт 8,29; Мк 14,35; Откр 12,1Исус ѝ рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.“ 5#1 Мојс 41,55Но мајка Му им рече на служителите: „Сѐ што ќе ви рече, направете!“ 6#Мк 7,3А таму имаше шест камени садови за вода, поставени според јудејскиот обичај за очистување, што собираа од две до три мери#2,6 две до три мери т.е. 80 до 100 литри.. 7Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!“ И тие ги наполнија до горе. 8Па им рече: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!“ И му однесоа. 9И кога старосватот вкуси од виното, што беше станало од вода – а тој не знаеше од каде е, но служителите, што ја беа нацрпиле водата, знаеја – старосватот го повика младоженецот 10#Лк 5,39и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино досега.“ 11#1,14; 2,23; 12,41; Ис 66,19; Мт 12,38Ова го направи Исус во Кана Галилејска како почеток на Своите чуда и ја покажа Својата слава; и Неговите ученици поверуваа во Него. 12#Мт 4,13; Мк 3,31Потоа Тој слезе во Капернаум со мајка Му, Неговите браќа и Неговите ученици; и таму останаа неколку дена.
Исус го очистува храмот
(Мт 21,12-13; Мк 11,15-17; Лк 19,45-46)
13 #
6,4; 11,55; 2 Мојс 12,1-27; 5 Мојс 16,1-6; Лк 2,41 Се приближуваше јудејската Пасха и Исус се искачи во Ерусалим. 14#Мал 3,1-4Во храмот ги затекна како седат оние што продаваа волови, овци и гулаби, и менувачите на пари. 15И откако направи камшик од врвци, ги избрка од храмот сите, и овците и воловите; а на менувачите им ги растури парите и им ги испреврте масите, 16#Зах 14,21; Лк 2,49па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде! Не правете од домот на Мојот Отец, дом за трговија!“ 17#Пс 68,10 Тогаш Неговите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде.“ 18#4,48; 6,30; 20,29; Мт 12,38; Мк 8,11; 1 Кор 1,22А Јудејците, пак, одговорија и Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш, штом го правиш тоа?“ 19#Мт 26,61; 27,40; Дела 6,14Исус им одговори и рече: „Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам.“ 20А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дена ли ќе го подигнеш?“ 21#Мт 12,6; 1 Кор 6,19Но Тој говореше за храмот на Своето тело. 22#12,16; 14,26; 16,4; Рим 4,24А кога воскресна од мртвите, Неговите ученици се сетија дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на словото што го беше рекол Исус.
Исус ја знае човечката природа
23 #
7,31; 11,47-48 А кога беше во Ерусалим на празникот Пасха, мнозина, гледајќи ги чудесните знаци што ги правеше, поверуваа во Неговото име. 24#6,15; 16,30Но Самиот Исус не им се доверуваше, бидејќи ги знаеше сите, 25#13,11; Мк 2,8и немаше потреба никој да Му сведочи за човекот, бидејќи Самиот знаеше што има во човекот.
Селектирано:
Јован 2: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023