Јован 18
18
Исус е приведен
(Мт 26,47-56; Мк 14,43-50; Лк 22,47-53)
1 #
2 Цар 15,23; 3 Цар 2,37; 2 Лет 15,16; Мт 26,36; Мк 14,26.32; Лк 22,39 Штом го рече ова, Исус отиде со Своите ученици преку потокот Кедрон, каде што имаше градина, и Тој влезе во неа со Своите ученици. 2А тоа место го знаеше и Јуда, кој Го предаде, зашто Исус често се собираше таму со Своите ученици. 3#7,32.45Тогаш Јуда, земајќи една чета војници и поданици на првосвештениците и на фарисеите, дојде таму со фенери, факли и оружје. 4#13,1.3; 19,11А Исус, знаејќи сѐ што ќе стане со Него, излезе и им рече: „Кого барате?“ 5#8,24Му одговорија: „Исус Назареецот!“ Исус им рече: „Јас сум.“ Со нив стоеше и Јуда, кој Го предаде. 6#7,46; Пс 26,2; 34,4А кога им рече: „Јас сум“ – тие се повлекоа назад и паднаа на земјата. 7Тогаш повторно ги праша: „Кого барате?“ А тие рекоа: „Исус Назареецот!“ 8Исус одговори: „Ви реков дека сум Јас; па, ако Ме барате Мене, оставете ги овие да си одат;“ 9#6,39; 17,12за да се исполни словото што го кажа: „Од оние што си Ми ги дал, ниеден не загубив.“ 10#Лк 22,36.38А Симон Петар, којшто имаше нож, го извади, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво. Името на слугата беше Малх. 11#Мт 26,39; Мк 10,38; 14,36; Лк 22,42Исус, пак, му рече на Петар: „Стави го ножот во ножницата. Зар да не ја испијам чашата што Ми ја даде Отецот?“
Исус пред Ана
(Мт 26,57-58; Мк 14,53-54; Лк 22,54)
12Тогаш четата и заповедникот, и јудејските поданици, Го фатија Исус и Го врзаа. 13#Лк 3,2И Го одведоа најнапред кај Ана, зашто тој беше дедо на Кајафа, кој во таа година беше првосвештеник. 14#11,49-51А Кајафа беше оној што ги беше посоветувал Јудејците дека подобро е да умре еден човек за народот.
Петровото одрекување
(Мт 27,1-2.11-14; Мк 15,1-5; Лк 23,1-5)
15 #
20,3
По Исус одеа Симон Петар и еден друг ученик. Тој ученик му беше познат на првосвештеникот, па влезе со Исус во дворот на првосвештеникот. 16#Мк 14,54А Петар стоеше надвор, покрај вратата. Другиот, пак, ученик, што му беше познат на првосвештеникот, излезе, зборуваше со вратарката и го воведе Петар. 17#18,25Тогаш слугинката вратарка му рече на Петар: „Да не си и ти од учениците на Овој Човек?“ Тој рече: „Не сум.“ 18А слугите и поданиците беа запалиле оган и стоеја, па се грееја, зашто беше студено. А и Петар беше со нив, стоеше и се грееше.
Исусовото сослушување
(Мт 26,59-66; Мк 14,55-64; Лк 22,66-71)
19Првосвештеникот, пак, Го праша Исус за Неговите ученици и за Неговото учење. 20#6,59; 7,26; Ис 45,19; 48,16; Мт 4,23; 26,55; Дела 26,26Исус му одговори: „Јас јавно му зборував на светот; Јас секогаш поучував во синагогата и во храмот, каде што секогаш се собираат Јудејците, а тајно ништо не сум зборувал. 21Зошто Ме прашуваш Мене? Прашај ги оние коишто слушаа што им зборував; ете, тие знаат што велев Јас.“ 22#19,3; Мт 26,67; Дела 23,2А кога Тој го рече ова, еден од поданиците, што стоеше близу, Му удри шлаканица на Исус и рече: „Така ли му одговараш на првосвештеникот?“ 23#Мт 5,39; Дела 23,3-5Исус му одговори: „Ако реков нешто лошо, докажи го лошото; ако ли, пак, добро – зошто Ме удираш?“ 24#11,49; 18,13Тогаш Ана Го прати врзан кај првосвештеникот Кајафа.
Петар повторно се одрекува
(Мт 26,71-75; Мк 14,69-72; Лк 22,58-62)
25 #
18,17
А Симон Петар стоеше и се грееше. И му рекоа: „Да не си и ти од Неговите ученици?“ Тој одрече, велејќи: „Не сум.“ 26#18,1.10Еден од слугите на првосвештеникот, што му беше роднина на оној кому Петар му го беше отсекол увото, рече: „Не те видов ли јас тебе во градината со Него?“ 27#13,38; Мт 26,34; Мк 14,30; Лк 22,34Тогаш Петар повторно одрече; и веднаш запеа петел.
Исус пред Пилат
(Мт 27,1-2; 11,14; Мк 15,1-5; Лк 23,1-5)
28 #
11,55
И Го поведоа Исус откај Кајафа во преторијата. А беше утро и тие не влегоа во преторијата, за да не се осквернат и да можат да ја јадат Пасхата. 29#Лк 3,1; 13,1; Дела 3,13-14; 4,27; 13,28; 1 Тим 6,13Тогаш излезе Пилат пред нив и рече: „Какво обвинение изнесувате против Овој Човек?“ 30Одговорија и му рекоа: „Ако Тој не беше злосторник, не би ти Го предале!“ 31#19,6; Дела 18,15А Пилат им рече: „Земете Го вие и судете Му според вашиот закон!“ Јудејците, пак, му рекоа: „Нам не ни е дозволено да погубуваме никого“, 32#3,14; 8,28; 12,32-33; Мт 20,19; 26,2за да се исполни Исусовото слово, што го рече, кажувајќи со каква смрт ќе умре. 33Тогаш Пилат повторно влезе во преторијата, па Го повика Исус и Му рече: „Ти ли си Царот Јудејски?“ 34Исус му одговори: „Ова ти самиот од себе го велиш или други ти кажаа за Мене?“ 35Пилат одговори: „Та јас, Јудеец ли сум? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си направил?“ 36#1,11; 6,15; 12,32; Мт 26,53; Лк 17,20; 19,12Исус одговори: „Моето царство не е од овој свет; ако Моето царство беше од овој свет, тогаш Моите поданици би се бореле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но, сега, Моето царство не е одовде.“ 37#3,32-33; 8,45-46; 14,6; 1 Јн 3,19; 4,6; 1 Тим 6,13Тогаш Пилат Му рече: „Значи, Цар си?“ Исус одговори: „Ти велиш дека Јас сум Цар. Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да ја сведочам вистината; секој што е од вистината, го слуша Мојот глас.“
Исус е осуден на смрт
(Мт 27,15-31; Мк 15,6-20; Лк 23,13-15)
38 #
Дела 24,25; 26,28 Пилат Го праша: „Што е вистина?“ И кога го рече ова, повторно излезе кај Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина во Него. 39Но кај вас е обичај да ви ослободувам по еден за Пасха. Сакате ли да ви Го ослободам Царот Јудејски?“ 40#Дела 3,14Тогаш повторно повикаа сите, велејќи: „Не Овој, туку Варава.“ А Варава беше разбојник.
Селектирано:
Јован 18: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023