Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 15

15
Исус е вистинската лоза
1 # Ис 5,1-7; Ез 19,10-14; Пс 79,8-19; Сир 24,17; Мт 15,13; 20,1-16 „Јас сум вистинската лоза, а Мојот Отец е лозарот. 2#Ис 18,5Секоја прачка во Мене, што не дава род, Тој ја отсекува; и секоја, што дава род, ја очистува, за да донесе повеќе род. 3#13,10; Дела 15,9Вие сте веќе чисти преку словото што сум ви го проповедал. 4#6,56; Рим 11,17-18; 2 Кор 3,5Останете во Мене и Јас ќе останам во вас. Како што прачката не може да носи ро­д сама од себе, ако не остане на лозата, така ни вие не можете, ако не останете во Мене. 5#1,3; 15,16; 1 Кор 12,12.27Јас сум лозата, а вие прачките; и оној што останува во Мене и Јас сум во него, тој дава многу род; зашто без Мене не можете да правите ништо. 6#Ез 15,1-8; Мт 3,10; 7,19; 13,42Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачка, и ќе се исуши; а таквите ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат и ќе изгорат. 7#14,13; 16,23; Мт 7,7; Мк 11,24; 1 Јн 5,14Ако останете во Мене и зборовите Мои останат во вас, тогаш барајте што и да посакате, и ќе ви биде дадено. 8#Мт 5,13; Фил 1,11Со ова се прославува Мојот Отец: да носите многу род и да бидете Мои уче­ници. 9#13,1; 17,23Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! 10#6,38; 14,15.21; 1 Јн 2,5; 5,3Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во Мојата љубов; како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во Неговата љубов. 11#16,21; 17,13; Ис 9,3; 35,10; Соф 3,14; Пс 125,3-5; Мт 25,21.23; Лк 2,10; 1 Јн 1,4Ова ви го реков за Мојата радост да остане во вас и вашата радост да биде потполна. 12#13,34; 1 Јн 3,11.23; 2 Јн 1,5Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве возљубив. 13#10,11; 13,1; Рим 5,6-8; 1 Јн 3,16Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи некој својата душа за своите пријатели. 14#2 Мојс 13,11; Лк 12,4Вие сте Ми пријатели ако го правите она што Јас ви го заповедам. 15#Рим 1,1; Јк 1,1Веќе не ве нарекувам слуги, зашто слугата не знае што прави неговиот господар; туку ве нареков пријатели, бидејќи ви кажав сѐ што чув од Мојот Отец. 16#6,70; 13,18; 14,13-14; 15,5; 16,23; 5 Мојс 7,6; Ис 41,8; Амос 3,2; Мк 3,13-14; Дела 20,28; 1 Јн 4,10Вие не Ме избравте Мене, туку Јас ве избрав вас и ве поставив, за да одите и род да принесете и вашиот род да остане, та што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде. 17#13,34; 1 Јн 3,23Ова ви го заповедам: да се љу­бите еден со друг.“
Омразата на светот
18 # 1,10-11; 7,7; 17,14-16; Мт 10,22; 24,9; 1 Сол 2,14-16; 1 Јн 3,13 „Ако светот ве мрази, знајте дека Мене уште пред вас Ме замрази. 19#Лк 6,22; 1 Јн 4,5Да бевте од светот, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот ве мрази. 20#13,16; Мт 10,24; Лк 6,40; Дела 4,17; 1 Сол 1,6; 1 Птр 4,12-19Помнете ги зборовите што Јас ви ги реков: не е слугата поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазија, и вашите ќе ги запазат. 21#8,18-19; 16,3; Мт 5,11; 10,22; Дела 5,40-41; Откр 2,3Но сето ова ќе ви го прават поради Моето име, зашто не Го знаат Оној што Ме испрати. 22#9,41; 16,9Да не бев дошол и да не им бев зборувал, грев не ќе имаа. Но се­га немаат изговор за својот грев. 23#5,23; Лк 10,16; 1 Јн 2,23Оној што Мене ме мрази, Го мрази и Мо­јот Отец. 24#6,36; 14,11; Мт 12,24.27-28Да не бев направил меѓу нив дела, какви што никој друг не направил, грев не ќе имаа; а сега и видоа и Ме замразија, и Мене и Мојот Отец. 25#Пс 34,19; 68,5; Рим 3,19Но нека се исполни словото на­пи­ша­но во нивниот Закон дека Ме замразија без причина. 26#Дела 5,32#14,16.26; Мт 10,19-20; 1 Јн 3,24; 5,7А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Отецот, Ду­хот на Вистината, Кој излегува од Оте­цот, Тој ќе сведочи за Мене; 27#19,35; Лк 1,2; Дела 1,8.21-22; 1 Јн 4,14а и вие ќе сведочите, бидејќи од по­четокот сте со Мене.“

Селектирано:

Јован 15: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се