Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 21

21
Павле се враќа во Ерусалим
1И штом се одделивме од нив отпловивме. Пловејќи стигнав­ме право во Кос, а следниот ден во Ро­дос, и оттаму во Патара. 2Таму откако најдовме кораб, кој заминуваше за Феникија, се качивме и отпловивме. 3#11,19; Мк 3,8; Лк 6,17Штом го наѕревме Кипар, го оставивме одлево и запловивме кон Сирија. Се симнавме во Тир, зашто таму тре­ба­ше коработ да се растовари. 4#20,22-23И откако ги најдовме учениците, таму останавме седум дена. Тие, поттикнати од Духот, му велеа на Павле да не вле­гува во Ерусалим. 5А кога изминаа деновите, излеговме и продолживме со патот, а сите нѐ испраќаа со жените и децата сѐ до крајот од градот. На брегот, пак, паднавме на колена и се помоливме. 6#20,36-37И штом се простивме еден со друг, влеговме во коработ, а тие се вратија во своите домови. 7А ние, откако отпловивме од Тир, стигнавме во Птолемаида, каде ги поздравивме браќата и кај нив ос­та­навме еден ден. 8#6,5; 8,40; 18,22Утредента, Павле и ние кои бевме со него, отпатувавме и дојдовме во Кеса­рија. Таму влеговме во куќата на Филип благовесникот, кој беше еден од седумтемина ѓакони, и останавме кај него. 9Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа. 10#11,28Откако престојувавме кај нив многу денови, од Јудеја слезе еден пророк, по име Агав. 11#20,23; Лк 18,32Кога дојде кај нас, го зеде Пав­ло­виот појас, па ги врза своите нозе и раце и рече: „Ова го вели Светиот Дух: вака Јудејците во Ерусалим ќе го врзат оној маж, кому му припаѓа овој појас, и ќе го предадат во рацете на нез­набошците.“ 12Штом го чувме тоа, и ние и та­мош­ните го молевме да не се качува во Еру­салим. 13#5,41; 20,24; Лк 21,12Но Павле одговори: „Што правите, та плачете и ми го кинете срцето? Зашто јас сум подготвен не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господ Исус.“ 14#Лк 22,42А бидејќи тој не се премисли, ние замолкнавме и рековме: „Нека биде Господовата волја!“ 15А откако изминаа овие денови, се подготвивме за пат и се искачивме во Еру­салим. 16Со нас дојдоа и некои ученици од Кесарија, кои нѐ одведоа кај некој Мнасон од Кипар, одамнешен ученик, кому требаше да му бидеме гости.
Павле во посета кај Јаков
17Кога пристигнавме во Ерусалим, браќата нѐ примија со радост. 18Следниот ден Павле влезе со нас кај Јаков, а дојдоа и сите старешини. 19#15,3-4.12И откако ги поздрави, Павле им раскажа сѐ по ред што направил Бог меѓу незнабошците преку неговата служба. 20А тие, кога слушнаа, Го прославија Господа. Тогаш му рекоа: „Гледаш, брате, колку илјадници Јудејци поверуваа, и сите тие ревнуваат за За­конот. 21#Гал 5,1А за тебе им е зборувано дека ги учиш сите Јудејци, кои се меѓу незнабошците, да отстапуваат од Мој­сеј, велејќи им да не ги обрезуваат своите чеда­, и да не постапуваат по оби­ча­ите. 22И што да се прави сега? Сигурно ќе дојде многу народ, зашто ќе слушнат дека си дошол. 23Затоа, направи како што ти велиме: кај нас има четворица мажи што на себе зеле завет. 24#18,18; 1 Кор 9,20Земи ги, очисти се заедно со нив и плати им да си ги истрижат главите; така сите ќе разберат дека она што го слушнале за тебе е ништовно, туку дека и самиот жи­вееш според Законот и го пазиш. 25А за незнабошците што поверуваа, ние напишавме, изјаснувајќи се да не па­зат ништо такво, туку само да се воз­др­жуваат од идолски жртви, од крв, од удавено и од блуд.“ 26Тогаш Павле ги зеде тие луѓе, и следниот ден, от­како се очисти со нив, влезе во храмот и го објави денот во кој се навршуваат деновите на очистувањето и во кој требаше да се принесе жртва за секого од нив.
Павле приведен во храмот
27 # Мт 26,59 А кога се навршуваа се­дум­те дена, Јудејците од Азија, штом го ви­доа во храмот го побунија целиот народ и ставија раце на него, 28викајќи: „Луѓе Израилци, помог­не­те! Ова е човекот кој насекаде ги учи сите против на­ро­дот, против Законот и против ова мес­то; па дури и Елини воведе во храмот и го оскверни ова свето мес­то.“ 29#20,4; 2 Тим 4,20Бидејќи пред тоа во градот го беа виделе со ефесјанецот Трофим и мислеа дека Павле го вовел во храмот. 30Целиот град се вознемири, и народот се насобра. И кога го фатија Павле, го извлекоа надвор од храмот; и вратите веднаш се затворија. 31И кога сакаа да го убијат, пристигна вест до заповедникот на полкот дека цел Ерусалим се побунил. 32А тој веднаш зеде војници и стотници и се спушти кон нив; тие, кога ги ви­доа заповедникот и војниците, преста­наа да го тепаат Павле. 33Тогаш заповедникот се приближи, го фати и заповеда да биде окован со два синџира, па праша кој е тој и што направил. 34Од народот едни викаа едно, други – друго. А тој не можејќи да ја дознае вистината поради силната врева, запо­веда да го одведат во тврдината. 35А кога стигнаа до скалите, вој­ни­ци­те требаше да го штитат, поради насилие­то од толпата; 36#Лк 23,18бидејќи многу народ ги следеше и викаше: „Погуби го!“
Павле ја искажува својата одбрана
37Кога сакаа да го воведат во тврдината, Павле му рече на заповедникот: „Може ли да ти кажам нешто?“ А тој рече: „Зарем знаеш грчки? 38#5,36-37Не си ли ти оној Египќанин, кој пред неколку дена крена бунт и одведе во пустина четири илјади мажи разбој­ници?“ 39#9,11; 22,3А Павле одговори: „Јас сум Јудеец од Тарс Киликиски, граѓанин на тој мошне познат град; те молам, дозволи да му проговорам на народот.“ 40#12,17; 13,16А кога заповедникот му дозволи, Павле застана на скалите, му мавна со рака на народот, и, откако настана длабока тишина, почна да зборува на еврејски, велејќи:

Селектирано:

Дела 21: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се