Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 2

2
Педесетница – Излевање на Светиот Дух
1Кога дојде денот Педесетница, сите беа еднодушни и собрани на едно место. 2#4,31; Јн 3,8Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како кога дува силен ветар, и ја исполни целата куќа во која седеа. 3#4 Мојс 11,25И им се појавија јазици како од оган, кои се разделуваа и се спуштија по еден над секого од нив. 4И сите се исполнија со Светиот Дух, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што Духот им даваше да изговараат. 5А во Ерусалим имаше Јудејци, благочестиви луѓе, од секој народ под не­бото. 6Кога настана тој звук, народот се насобра и се вознемири, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот јазик. 7И сите беа восхитени и се чудеа, велејќи си меѓу себе: „Ете, овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци? 8Па како тогаш секој од нас го слуша својот мајчин јазик? 9Партјани, Мидијци, Еламити и жите­лите од Месопотамија, Јудеја и Капа­до­кија, од Понт и Азија, 10од Фригија, и Памфилија, од Египет и од краиштата на Либија покрај Киринеја, па и посетителите од Рим – Јудеи и прозелити, 11#10,45-46 Критјани и Арапи, еве слушаме како тие на нашите јазици зборуваат за го­лемите Божји дела?“ 12Сите се чудеа и во недоумица си зборуваа еден со друг: „Што ли значи ова?“ 13#1 Кор 14,23А други, потсмевајќи се, велеа: „Се напиле со слатко вино!“
Беседата на Петар
14Тогаш Петар стана со единаесетте, го подигна својот глас и им рече: „Луѓе Јудејци и вие сите што живеете во Еру­салим, знајте го ова и внимателно слушнете ги моите зборови; 15овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е третиот час#2,15 Околу 9 часот претпладне. од денот; 16но ова е претскажаното преку пророкот Јоил: 17#Јоил 2,28-32’И ете во последните денови, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат вашите синови и ќер­ки­, и вашите млади ќе имаат ви­денија и вашите старци ќе сонуваат со­ништа. 18#4 Мојс 11,29Па дури и врз Моите слуги и слугинки во тие денови ќе излеам од Мојот Дух, и тие ќе пророкуваат. 19И ќе покажам чуда горе на небото и знаци долу на земјата – крв, оган и облаци чад. 20#Амос 5,18-20Сонцето ќе се претвори во темнина, а месечината во крв, пред да настапи великиот и славен ден Гос­по­дов. 21#4,12; Рим 10,13; 1 Кор 1,2И тогаш, секој што ќе го повика името Господово, ќе се спаси.‘ 22Луѓе Израилци, слушнете ги овие зборови: Исус Назареецот, Човекот пос­ве­дочен пред вас од Бога со дела, чу­де­са и знаци, кои, како што и сами знаете, Бог преку Него ги направи меѓу вас, 23беше предаден според определениот Божји план и предзнаење, а вие Го распнавте преку рацете на беззакониците и Го убивте. 24#Пс 17,3-5Но Бог Го воскресна, ос­лободувајќи Го од смртните маки, бидејќи не беше можно смртта да Го задржи. 25#Пс 15,8-11Зашто Давид за Него вели: ’Се­ко­гаш Го гледав Господ пред себе. Зашто Тој е од мојата десна страна, за да не се по­местам. 26Затоа се развесели моето срце и се зарадува мојот јазик; па дури и моето тело ќе почива во надеж; 27#13,34-37зашто нема да ја оставиш мојата ду­ша­ во адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање. 28Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со веселба преку Твоето лице.‘ 29Браќа, можам слободно да ви зборувам за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а неговиот гроб е меѓу нас сѐ до овој ден. 30#2 Цар 7,12-13; Пс 88,3; 131,11А, бидејќи беше пророк и знаејќи дека Бог му беше ветил со заклетва де­ка од плодот на не­го­вите бедра ќе Го подигне Христос по тело и ќе Го постави на Својот престол, 31#Пс 15,10го предвиде ова и кажа за воскресението на Христос дека ниту Неговата душа ќе биде оставена во адот, ниту Неговото тело ќе види распаѓање. 32Бог Го воскресна Овој Исус. За тоа сите ние сме сведоци. 33#1,4И затоа, Тој, откако беше воздигнат оддесно на Бога и го прими од Оте­цот ветувањето на Светиот Дух, го излеа ова што сега вие го гледате и го слушате. 34#Пс 109,1Зашто Давид не се вознесе на небесата, туку самиот вели: ’Му рече Господ на мојот Господ: Седни од Мојата десна страна, 35#Лк 20,43додека не ги поставам Твоите неприја­те­ли­ за подножје на Твоите нозе.‘ 36#Мт 10,6; 15,24И затоа, нека знае со сигурност си­от Израилев дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Гос­под и Христос.“
Првите покрстувања
37Кога го слушнаа тоа, им се растре­перија срцата, па им рекоа на Петар и на другите апостоли: „Браќа, што да направиме?“ 38#5,31; 13,38-39; Лк 24,47-48А Петар им рече: „Покајте се и се­кој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе го примите дарот на Светиот Дух. 39#Ис 57,19; Јоил 3,4Зашто ветувањето ви припаѓа вам и на вашите чеда и на сите што се да­ле­ку, а кои ќе ги повика Господ, нашиот Бог.“ 40#5 Мојс 32,5; Мт 17,17; Гал 1,4; Фил 2,15И со многу други зборови све­до­че­ше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од ова изопачено поколение!“ 41И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се при­соединија во тој ден околу три илјади души.
Животот во првата христијанска заедница
42 # 2,46; Лк 24,35 И беа истрајни во учењето на апос­то­лите, во заедништвото, во пре­кршувањето на лебот и во молитвите. 43#20,7-11И страв ја обзеде секоја душа, заш­то многу чуда и знаци се вршеа преку апостолите. 44А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко. 45Тие ги продаваа имотите и сопственоста и на секого му раздаваа колку што му беше потребно. 46И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по ку­ќи­те, се хранеа со радост и со чисто срце, 47#4,21; 11,18; 13,48; 21,20; 2 Кор 2,15Го фалеа Бога и стекнуваа благо­нак­лонетост кај целиот народ. А Господ се­кој ден ги присоединуваше кон Црквата оние кои се спасуваа.

Селектирано:

Дела 2: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се