Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 2:1-7

Откровение 2:1-7 MNT

До гласникот на црквата во Ефес, напиши го следново: Ова ви го порачува Оној што ги држи седумте ѕвезди во Својата десна рака и што оди меѓу седумте златни свеќници: Познати Ми се вашите дела, труд и трпение. Знам дека не поднесувате зли луѓе. Кога некои луѓе се прикажувале за апостоли, а не биле, вие сте ги провериле и сте утврдиле дека тие се лажливци. Непоколебливи и неуморни сте, иако имате претрпено многу заради Мене. Но имам нешто против вас: Вие веќе немате таква љубов спрема Мене, каква што имавте на почетокот! Присетете се кај бевте, а кај паднавте сега! Покајте се и постапувајте како на почетокот! Инаку, ако не се покаете, ќе дојдам кај вас и ќе ви го земам свеќникот! Сепак, ова ви е добро: го мразите она што го прават николаитите, како што и Јас го мразам. Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите! На оние што ќе извојуваат победа, ќе им дадам да јадат од животодавното дрво што се наоѓа во Божјата градина.