Откровение 15
15
1Потоа на небото видов уште една чудесна и величествена глетка. Седум ангели ги носеа последните седум стравотни неволи, со кои ќе се доврши Божјиот гнев.
2Потоа видов некои луѓе со харфи во рацете како стојат на нешто што прилегаше на стаклено море измешано со оган. Тоа беа оние што го победија Ѕверот и неговата икона, како и бројот што го претставува неговото име.
3Тие ја пееја песната што ја пеел Божјиот слуга Мојсеј, и песната на Јагнето, со следниве зборови: „Величествени и прекрасни се Твоите дела, Господе, Семоќен Боже! Праведни и правилни се Твоите постапки, Царе над народите!
4Како да не Те почитуваме, Господе, како да не Го славиме Твоето име!? Само Ти Си свет, сите народи ќе дојдат Тебе да ти се поклонат, зашто се покажа дека Твоите постапки се праведни!“
5По ова, забележав дека ширум се отвори Храмот на небото, односно Шаторот на Божјото присуство.
6Од Храмот излегоа седумте ангели што ги носеа седумте стравотни неволи. Тие беа облечени во чисти, бели облеки од ленено платно, а преку градите беа препашани со златни појаси.
7Едно од четирите живи суштества му даде на секој ангел по една златна чаша - вкупно седум чаши полни со Божји гнев, од Оној што живее во вечни векови!
8Храмот бргу се наполни со дим од болскотот и силата Божја и никој не можеше да влезе во Храмот се додека седумте ангели не ги истурија седумте чаши на последните стравотни неволи.
Селектирано:
Откровение 15: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.