Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 8:13-21

Марко 8:13-21 MNT

Потоа ги остави, се качи на бротчето и отплови на спротивната страна од езерото. Учениците на Исус заборавија да понесат леб со себе; во бротчето имаа само еден леб. Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасецот на фарисеите и на Ирод!“ Разговарајќи меѓу себе, учениците заклучија: „Ни приговара зашто заборавивме да земеме леб!“ Но Исус, знаејќи што мислат, им рече: „Зошто го поврзувате ова со тоа што немате леб!? Како не можете веќе да сфатите!? Зар умовите ви се заспани!? Имајќи си очи, не гледате, и имајќи си уши, не слушате! Помните ли колку кошници ви останаа кога со пет леба нахранив пет илјади души?“ Тие Му одговорија: „Дванаесет!“ Исус продолжи: „А колку кошници ви останаа кога со седум леба нахранив четири илјади души?“ Тие Му одговорија: „Седум!“ „Сe уште не разбирате, нели?“ - им рече Исус.