Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Maтеј 25:1-13

Maтеј 25:1-13 MNT

„Кога ќе биде воспоставено небесното царство, тоа ќе биде како во следната споредба. Десет девојки ги зеле своите ламби и излегле да го пречекаат младоженецот. Петте од нив биле глупави, а другите пет мудри. Глупавите понесле со себе ламби, но не зеле и масло за горење. Мудрите, пак, заедно со ламбите зеле и масло за горење. Доаѓањето на младоженецот се забавило, па сите девојки задремале и заспале. На полноќ ги разбудил силен извик: ,Младоженецот доаѓа! Излезете му во пресрет!‘ Девојките станале и почнале да ги подготвуваат своите ламби. Тогаш глупавите им рекле на мудрите: ,Дајте ни од вашето масло за горење, зашто ламбите ни гаснат!‘ Но мудрите им одговориле: ,Немаме доволно масло и за вас и за нас; затоа, појдете кај трговците и купете си!‘ Додека тие отишле да купат масло, младоженецот пристигнал. Тие што биле подготвени, влегле со него на свадбата, по што вратата била затворена. Подоцна пристигнале и другите девојки и почнале да викаат: ,Господине! Господине! Отвори ни!‘ А тој им одговорил: ,Не ве познавам кои сте!‘“ „Затоа“ заклучи Исус „бидете подготвени во секое време, зашто не го знаете ни денот, ни часот кога ќе се вратам.“