Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Maтеј 24:44-51

Maтеј 24:44-51 MNT

Значи, бидете духовно подготвени, зашто Јас, Синот Човечки, ќе дојдам во час во кој не Ме очекувате!“ „Значи, за кој слуга може да се рече дека е мудар и верен? Тоа е оној слуга што добил задача од својот господар да ги надгледува сите други слуги и навреме да ги храни, и кој навистина си ја извршува задачата што му е доверена. Блазе си на таков слуга, кога ќе се врати неговиот господар! Ве уверувам дека нему ќе му го довери сиот свој имот! Но ако слугата е лош и си рече во себе: ,Мојот господар нема да се врати уште долго време!‘, и почне да ги тепа своите другари, и да јаде и пие со пијаници, тогаш неговиот господар ќе се врати во ден во кој не го очекува и во ненадеен час, и ќе го казни најстрого, фрлајќи го меѓу оние кои само се преправале дека се искрени спрема господарот. Таму ќе има лелекање и крцкање со заби.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Maтеј 24:44-51