Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Maтеј 20:1-12

Maтеј 20:1-12 MNT

„Небесното царство може да се опише со ваква споредба: Еден домаќин излезе рано наутро да повика наемни работници за своето лозје. Се погоди со нив да им плати по една надница и ги испрати на лозјето. Околу девет часот наутро, тој повторно отиде на пазарот и виде и други луѓе кои чекаа за работа, па им рече: ,Одете и вие на моето лозје, а јас ќе ви платам колку што ви следува.‘ И тие отидоа. Потоа го направи истото околу дванаесет часот, и уште еднаш околу петнаесет часот. Кога излезе околу седумнаесет часот, виде и други луѓе како стојат, па им се обрати: ,Зошто безделничите овде цел ден?‘ ,Никој не ни понуди работа‘ му одговорија тие. Тогаш и ним им рече: ,Одете и вие на моето лозје!‘ Кога се стемни, господарот му рече на својот надзорник: ,Повикај ги работниците и исплати им по една надница на сите, почнувајќи од последните, па до првите.‘ И така, оние што дојдоа на нивата во седумнаесет часот добија по една надница. Кога дојдоа на ред првите мислеа дека ќе добијат повеќе, но и тие добија по една надница. Штом ги примија парите, тие почнаа да мрморат против господарот, велејќи: ,Овие последниве работеа само еден час, а ти ги израмни со нас, кои се мачевме цел ден на жегата!‘

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност