Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 7:1-9

Јован 7:1-9 MNT

По ова, Исус се движеше во границите на Галилеја. Тој повеќе не сакаше да се задржува во Јудеја, затоа што еврејските верски водачи сакаа да Го убијат. Наближуваше еврејскиот празник Сеници. Неговите браќа Му рекоа: „Оди во Јудеја, за да можат Твоите следбеници да ги видат делата што ги вршиш! Никој не дејствува во тајност, ако сака да стане познат. Штом ги правиш овие чуда, тогаш објави му се на светот!“ (Зашто, ни Неговите браќа не веруваа во Него.) Исус им одговори: „Се уште не е дојден вистинскиот момент за Мене, а за вас секое време е погодно. Вас светот не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, затоа што постојано му зборувам за неговите зли дела и гревови. Одете вие на празникот. За Мене се уште не е погоден моментот да тргнам на овој празник во Ерусалим.“ Тој го рече тоа, и остана во Галилеја.