А во Ерусалим, покрај Овчата порта, има една бања со пет тремови, која на хебрејски се вика Бетзата. Под тремовите лежеа многу болни: слепи, сакати и парализирани (кои очекуваа да се раздвижи водата, бидејќи одвреме, навреме ангел Господов слегуваше во бањата и ја раздвижуваше водата. Првиот што ќе влезеше по раздвижувањето на водата, оздравуваше од каква и да било болест да боледуваше.) Таму имаше еден човек, кој боледуваше веќе триесет и осум години. Исус го виде како лежи и знаејќи дека веќе долго време боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“ „Господине“, - Му одговори болниот - „нема кој да ме спушти во бањата кога ќе се разбранува водата. Додека јас да втасам - друг слегува пред мене!“. „Стани, земи си ја постилката и оди си, зашто Јас те исцелив!“ - му рече Исус.
Прочитај Јован 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 5:2-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа