Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 16:7-15

Јован 16:7-15 MNT

Но јас ви ја кажувам вистината: во ваша полза е Јас да заминам, зашто додека не заминам, Помошникот, Светиот Дух, нема да дојде кај вас. А штом Јас ќе заминам, ќе ви Го испратам. Кога Светиот Дух ќе дојде, ќе му ја објави на светот вистината за гревот, за Божјата правда и за Судот. Нивниот грев е во тоа што не веруваат во Мене. Тие не ја согледаа Божјата правда, зашто Јас заминувам кај Таткото и повеќе нема да Ме гледате. Тие не ја сфатија вистината за Судот, зашто кнезот на овој свет е веќе осуден. Уште многу имам да ви зборувам, но сега не сте во состојба да поднесете. Кога ќе дојде Духот на вистината, Тој ќе ве води во целосната вистина, зашто Тој нема да зборува Сам од Себе, туку ќе го зборува тоа што од Мене ќе го чуе, и ќе ви ја открие иднината. Светиот Дух ќе Ме прослави Мене со тоа што ќе ви ја пренесе Мојата порака. Се што има Таткото е Мое. Затоа ви реков дека Духот ќе ја земе пораката од Мене и ќе ви ја пренесе вам.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 16:7-15