Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 13:21-30

Јован 13:21-30 MNT

Откако го рече ова, Исус длабоко се натажи и рече: „Ова што ќе ви го кажам е вистина: еден од вас ќе Ме предаде!“ Учениците започнаа да се загледуваат еден во друг, прашувајќи се за кого зборува. Еден од Неговите ученици беше навален на Исусовите гради. Тој му беше најомилениот ученик на Исус. Нему Симон Петар му даде знак да праша на кого се однесува реченото? Тој повторно се навали на Исусовите гради и Го праша: „Господе, за кого зборуваш?“ Исус му одговори: „Тоа е оној на кого ќе му го дадам залакот што ќе го макнам.“ Потоа го макна залакот и му го даде на Јуда Искариот, син на Симон. Веднаш по залакот, Сатаната влезе во Јуда. Исус, пак, му рече: „Направи го брзо тоа што си наумил да го направиш!“ Но никој од присутните не разбра зошто Исус му рече така. Јуда беше задолжен за ќесето со пари, па некои помислија дека Исус му порачува да купи се што е потребно за празникот, или да им даде нешто на сиромасите. Кога Јуда го прими залачето леб веднаш излезе. А беше ноќ.