Жените треба да ги слушаат своите сопрузи, онака како што Го слушаат Господ, зашто мажот е глава на својата сопруга, онака како што Христос е глава на Црквата. Тој е Спасител на Црквата, која е Негово тело, па, како што Црквата Му е послушна на Христос, така треба и жените во се да им се послушни на своите сопрузи. Истото важи и за вас мажите. Секој маж нека си ја сака својата сопруга онака како што Христос ја сака Црквата и животот си го даде за неа, за да ја направи света, исчистувајќи ја преку водното крштавање и преку Божјото Слово, да ја доведе пред Себе славна, без дамка, без брчка, без ништо слично, па да биде света и без мана.
Прочитај Ефесјаните 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Ефесјаните 5:22-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа