Од сите страни сме притиснати, но не сме поразени. Понекогаш сме збунети, но не сме без надеж. Прогонувани сме, но Бог не не оставил. Не соборуваат наземи, но не сме уништени. Преку страдањата на овие наши тела, ние постојано учествуваме во смртните страдања на Исус, за да се види и Неговиот живот во нашите тела. Живееме под постојани закани дека ќе не убијат поради тоа што проповедаме за Исус, за да може Исусовиот живот да се пресликува во нашите смртни тела. И така, додека смртта си ја покажува силата против нас, вечниот живот ја покажува својата сила во вас. Ние ќе продолжиме да проповедаме, бидејќи и ние ја имаме истата вера што ја имал псалмистот кога рекол: „Верував во Бог и затоа зборував.“ Знаеме дека истиот оној Бог, Кој Го воскресна Господ Исус, и нас ќе не воскресне. Потоа, и нас и вас, заедно со Исус, ќе не доведе кај Себе.
Прочитај 2 Коринтјаните 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Коринтјаните 4:8-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа