Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 2

2
1Решив да не ве нажалам со уште една болна посета.
2Ако јас вас ве натажам, кој мене ќе ме развесели? Зар тие кои штотуку сум ги натажил?
3Затоа така ви напишав во моето претходно писмо, та кога ќе дојдам да не ме нажалат оние кои одвај чекам да ме зарадуваат. Уверен сум дека знаете оти кога сте среќни вие, среќен сум и јас.
4Колку тешко ми беше да ви го напишам претходното писмо! Ви пишував длабоко нажален, со болка во срцето и со солзи во очите. Не сакав да ве повредам. Сакав само да сфатите колку е голема мојата љубов спрема вас.
5Не претерувам ако речам дека човекот што ја направи целава оваа невола повеќе ве нажали сите вас, отколку мене.
6Но повеќето од вас се усогласивте по ова прашање и казната што му ја изрековте е доволна.
7Сега треба да му простите и да го утешите, за да не биде толку повреден што нема да биде во состојба духовно да се врати и да закрепне.
8Затоа, ве молам, покажете му на тој човек дека се уште го сакате!
9Ви го пишувам ова бидејќи сакам да ве проверам и да видам дали сте подготвени да се придржувате до сите мои упатства.
10А на тој на кого вие ќе му простите, му простувам и јас. А тоа што јас веќе сум простил, ако воопшто сум имал нешто за простување, тоа е за ваша полза пред Христос.
11Ако не постапуваме така, Сатаната ќе не надмудри, а знаеме какви се неговите намери!
12Кога пристигнав во Троада за да ја проповедам Радосната вест за Христос, видов како Господ пред мене отвора ново поле за работа.
13Но немав душевен мир, бидејќи мојот драг пријател Тит не се беше вратил откај вас. Затоа, се збогував со луѓето во Троада и заминав за Македонија, за таму да се сретнам со Тит.
14Но, благодарни сме Му на Бог, Кој, на чело со Христос, секогаш не води во победа. Преку нас Тој насекаде ја шири вистината за Христос, како што се шири миризливоста од пријатен мирис.
15За Бог ние сме како пријатен мирис што го приближува Христос кон сите: и кон оние што Го прифаќаат и се спасуваат, и кон оние што Го одбиваат и пропаѓаат.
16За жал, на оние што Го одбиваат Христос, овој мирис ќе им биде смртна пресуда. На оние, пак, што Го прифаќаат Христос, ние сме им како најпријатен мирис што им носи вечен живот. Кој е способен да извршува ваква служба?
17Ние не сме трговци - а такви ги има многу - што се обидуваат да заработат пари од проповедање на Божјото Слово! Ние проповедаме за Христос искрено, како што Бог сака. Нас Бог не испрати и Тој не надгледува.

Селектирано:

2 Коринтјаните 2: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност