Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 1:12-24

2 Коринтјаните 1:12-24 MNT

Ние можеме да бидеме горди на нашата чиста совест. Спрема сите луѓе, а посебно спрема вас, бевме отворени и искрени, онака како што Бог не учи. Не постапувавме онака како што телесен човек би сметал дека е мудро, туку не водеше Бог, Кој ни беше благонаклонет. Моите писма се јасни. Нема ништо неразбирливо, или скриено меѓу редови. Се надевам дека еден ден се ќе ви биде јасно, иако сега само делумно ви е јасно. Така, на денот кога нашиот Господ Исус ќе се врати, вие ќе се гордеете со нас, а ние со вас. Со таа увереност имав намера да дојдам прво кај вас, и дури двапати да ви бидам полезен: еднаш да ве посетам на одење накај Македонија, а потоа на враќање од Македонија повторно да свратам кај вас и оттаму вие да ме испратите за Јудеја. Се надевам дека нема да ме обвините оти не си стојам на зборот и дека се однесувам како световните луѓе кои кога велат „да“ всушност мислат „не“. Бог ми е сведок дека нашето „да“ не е двосмислено, па да значи и „не“, затоа што Божјиот Син, Исус Христос, за Кого ви проповедавме јас, Силван и Тимотеј, не зборуваше двосмислено, туку она што ќе го кажеше секогаш беше и остануваше така како што е кажано. Сите Божји ветувања се исполнети во Него. Затоа, кога на Бог Му оддаваме слава преку Исус велиме „Амин“. Бог е Тој што и вам и нам ни дава сили да стоиме цврсто на страната на Христос. Тој не одбра, го стави Својот печат врз нас и Го всели во нашите срца Својот Дух како потврда дека сме Негови. Бог ми е сведок дека причината за моето недоаѓање во Коринт беше со цел да ве поштедам од укорување. Ние не сме ви господари што ќе ви кажуваат како треба, а како не треба да верувате. Сакаме само да соработуваме со вас, за да бидете исполнети со радост, зашто вие во верата сте непоколебливи.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 2 Коринтјаните 1:12-24