Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Солунјаните 3

3
1Веќе не можевме да издржиме. Решивме само ние да останеме во Атина,
2а кај вас да го пратиме нашиот брат Тимотеј. Тој работи со нас за Бог и ни помага во проповедањето на Радосната вест за Христос. Сакавме тој да ве охрабри и да ја зацврсти вашата вера.
3Не сакаме никој од вас да се обесхрабри од овие тешкотии. Однапред знаевте дека ќе треба да страдаме.
4Кога бевме кај вас, ви кажувавме дека ќе минуваме низ неволи. Така и се случи.
5Затоа јас не можев да чекам повеќе и го испратив Тимотеј да види како се држите, во каква состојба е вашата вера. Страхував Сатаната да не успеал да ве поколеба преку искушенија и да го уништи сето она што ние го постигнавме.
6Сега Тимотеј се врати од кај вас и ни донесе радосни вести. Ни раскажа дека во вас има и вера и љубов. Ни пренесе дека со радост се сеќавате на нас, и дека и вие копнеете пак да не видите.
7Така, драги пријатели, и покрај сите маки и страдања низ кои минуваме, вашата вера многу не охрабри.
8Вашата непоколеблива вера во Господ претставува силен поттик за нас.
9Како да Му се заблагодариме на Бог за вас? Како да Му возвратиме за сета радост што ни ја причинувате?
10Деноноќно, од се срце Му се молиме на Бог пак да се сретнеме со вас и да ви помогнеме онаму каде што имате потреба во однос на вашата вера.
11Се молиме Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос, да ни дозволат пак да дојдеме кај вас.
12Господ нека ја поттикне љубовта што ја имате еден спрема друг и спрема сите луѓе. Таа љубов нека расте онака како што расте нашата љубов спрема вас.
13А кога нашиот Господ Исус ќе дојде, заедно со сите Негови следбеници, нека ги направи вашите срца чисти и посветени во очите на Бог, нашиот Татко. Амин.

Селектирано:

1 Солунјаните 3: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се