1 Коринтјаните 8
8
1А сега, во врска со храната принесена како жртва на идоли. Сите ние имаме некое знаење. Но знаењето создава горделивост, а љубовта е таа што изградува.
2Ако некој мисли дека многу знае, тој се уште не знае колку што треба да знае.
3Бог ги познава и ги признава за Свои само оние што имаат љубов спрема Него.
4Во врска со јадењето на храна што е принесена како жртва на идоли, сите ние знаеме дека идолите не се богови. Постои само еден единствен Бог и освен него друг бог нема.
5За некои луѓе постојат многу „богови“ и господари, и на небото, и на Земјата.
6Но ние имаме само еден Бог, нашиот небесен Татко. Тој е Создателот на се и ние за Него живееме. Имаме само еден Господ, и тоа е Исус Христос. Се е преку Него создадено, вклучувајќи не и нас, луѓето.
7Но ваквото знаење го немаат сите. Некои луѓе се навикнати да почитуваат идоли и да јадат храна принесена како жртва, со што си ја опогануваат својата слаба совест.
8Храната нема да не приближи до Бог: ништо не губиме ако не јадеме, и ништо не добиваме ако јадеме!
9Само внимавајте, слободата што ја имате да не им стане повод за духовно разочарување на оние што не се доволно утврдени во христијанската вера.
10Еве што може да се случи: некој христијанин, што смета дека е погрешно да се јаде оваа храна, може да те види во идолски храм како јадеш од принесената храна. Иако ти не го правиш тоа затоа што веруваш во идоли, твојот пример може да го поттикне тој човек да постапи спротивно на својата совест, па и тој да почне да јаде храна принесена како жртва на идоли.
11Иако ти имаш правилно знаење, твојот пример може да влијае погубно врз друг христијанин. А Христос умре и за него!
12Грешејќи така против другите христијани, ранувајќи ја нивната слаба совест, вие, всушност, грешите против Христос.
13Затоа, ако храната што ја јадам наведува некој од моите пријатели да направи грев, ќе престанам да јадам месо до крајот на мојот живот! Не сакам јас да бидам причината некој од моите пријатели христијани да биде наведен на грев!
Селектирано:
1 Коринтјаните 8: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.