Од семејството на Хлое ме известија дека меѓу вас, драги мои, има поделби. Едни сте викале: „Јас сум Павлов!“ други: „Јас сум Аполосов!“, трети: „Јас сум Петров!“, четврти: „Јас сум Христов!“ Зар Христос се раздели? Павле ли беше распнат за вас? Во името на Павле ли бевте крстени? Благодарен сум Му на Бог што, освен Крисп и Гај, јас не крстив ниту еден од вас, за да не рече некој дека е крстен во мое име. (Да, ги крстив и членовите на семејството на Стефан, а не се сеќавам дали сум крстил уште некој.) Христос не ме испрати да крштавам, туку да ја проповедам Радосната вест, и тоа не со мудри говори, за да не се омаловажи силата на делото што го изврши Христос на крстот.
Прочитај 1 Коринтјаните 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Коринтјаните 1:11-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа