Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПЕСНА НАД ПЕСНИ 4

4
ТРЕТА ПЕСНА
4:1-5:1
А. Младоженец набљудува невеста
1. Прв разговор на младоженецот со себеси:
1Колку си убава, моја возљубена, Колку си прекрасна! Имаш очи како гулабица, под твојот превез; косата ти е како стадо кози, што слегуваат од гората Галад. 2Забите ти се како стадо на остригани овци, кога се враќаат од капење: одат две по две како близначки и ниедна не е осамена. 3Твоите усни се како лента од црвено предено и твоите зборови се љубезни; твоите образи се како калинкини половинки, под твојот превез. 4Вратот ти е како Давидова кула изградена за одбрана: илјада штитови висат во неа, сѐ јуначки оклопи. 5Твоите две гради, како две срничиња, близначиња, што пасат меѓу лилјаните.
2. Девојките:
6Пред денот да издивне и пред да се опуштат сенките, ќе тргнам на смирнината гора и на темјановото бреже.
3. Младоженецот
7Целата си прекрасна, возљубена моја, и нема недостаток на тебе! 8Дојди со мене од Ливан, невесто! Дојди со мене од Ливан! Слези од врвот на Аман, од лавските пештери, од горите на рисовите! 9Срцето ми го плени, сестро моја, невесто; срцето ми го плени само со еден твој поглед, само со еден бисер од твојот ѓердан. 10Колку е слатка твојата љубов, сестро моја, невесто! Твојата љубов е послатка од виното, а мирисот на твоите масла е попријатен од сите мириси. 11Саќин мед капе од твоите усни, невесто, мед и млеко се под твојот јазик, а мирисот на твоите облеки е како ливански мирис. 12Ти си затворена градина - сестро моја, невесто, затворена градина и запечатен кладенец. 13Твоите подници се калинкина градина, полна со најодбрани плодови: калинка и шафран, мирислива трска и цимет, со сите темјанови стракови, со смирна и алој, со најдобри мириси. 15Кладенецот е во мојата градина, извор на жива вода што тече од Ливан. 16Стани: северец! дувни: јужен ветре! Повеј над мојата градина, нека се разнесат нејзините мириси.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се