Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПЕСНА НАД ПЕСНИ 2

2
6. Невестата:
1Јас сум саронски цвет, лилјан во долина!
7. Младоженецот:
2Што е лилјанот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу девиците.
В. Меѓусебно љубовно дружење и располагање
1. Невестата
3Што е јаболкницата сред горските дрва, тоа е мојот возљубен меѓу младите. Сакам да седам во нејзината сенка; а нејзините плодови му се слатки на моето грло. 4Ме воведе во собите на виното и ме покри со знамето на љубовта. 5Поткрепете ме со колачиња, освежете ме со јаболка, зашто јас сум изнемоштена од љубов. 6Неговата лева рака ми е под главата, а со десната ме прегрнува.
2. Младоженецот:
7Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, во полските срни и елени, не ја будете и не ја тревожете мојата љубов, додека самата не посака.
ВТОРА ПЕСНА
2:8-3:11
А. Меѓусебно набљудување
1. Прв разговор на невестата со себеси:
8Гласот на мојот возљубен! ете го, доаѓа, прелетува преку гори, прескокнува брегови. 9Мојот возљубен е како срна, тој е како еленче. Ете, тој стои зад нашиот ѕид; гледа низ прозорците, наѕира низ решетките. 10Мојот возљубен почнува да ми зборува: „Стани, моја возљубена, убавице моја, и дојди! 11зашто, ете, зимата веќе помина, дождот замина и прекрати. 12Цвеќињата се покажуваат по земјата, дојде време за пеење; и грличиниот глас се слуша во нашиот крај. 13Смоквата ги исфрли првите плодови, лозјето мириса во цветање. Стани, моја возљубена, убавице моја, и дојди! 14Гулабице моја, во каменливи пештери, во стрмните и карпести засолништа! дај да ти го видам лицето и да ти го чујам гласот; зашто твојот глас е милозвучен, а твоето лице е прекрасно!“ 15Ловете ги лисиците, малите лисици, што ги оштетуваат лозјата, нашите лозја во цутењето. 16Мојот возљубен ми припаѓа мене, а јас нему; тој пасе меѓу лилјаните. 17Пред денот да издивне и пред да се спуштат сенките, врати се, возљубен мој: биди лесен како срна, како срниче на гората Бетер.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се