Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас сум телесен, продаден, под грев. Така, не знам што правам; зашто не го правам она, што го сакам, туку го правам она, што го мразам. Ако пак го правам, она што не го сакам, се согласувам со Законот дека тој е добар. Зашто тоа веќе не го правам јас, туку гревот, кој живее во мене. Имено, јас знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело; зашто, желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа, зашто не го правам доброто, што го сакам, туку го правам злото, што не го сакам.
Прочитај РИМЈАНИТЕ 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: РИМЈАНИТЕ 7:14-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа