Затоа немаш изговор човеку, кој судиш - кој и да си ти - зашто судејќи го другиот, самиот се осудуваш; бидејќи ти кој судиш, го правиш истото. А знаеме дека Божјиот суд е според вистината врз тие, кои прават такви работи. Мислиш ли, о човеку, кој им судиш на оние, кои прават такви работи, а истото го правиш, дека ќе го избегнеш Божјиот суд? Или ги презираш: богатството на Неговата благост, кротоста и долготрпеливоста, а не знаеш дека Божјата добрина те води кон покајание?
Прочитај РИМЈАНИТЕ 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: РИМЈАНИТЕ 2:1-4
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа