Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РИМЈАНИТЕ 15:5-13

РИМЈАНИТЕ 15:5-13 MKB

И Бог на трпението и утехата да ви даде едномислие меѓу вас по примерот на Исуса Христа, за да Го славите, еднодушно, со една уста, Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос. Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими за Божјата слава! Зашто велам, дека Христос им послужи на обрезаните поради Божјата вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците; а пак народите Го прославуваат Бога поради Неговото милосрдие, како што е напишано: „Затоа ќе Те исповедам меѓу народите и ќе Му пеам на Твоето име.“ И пак рече:“ Веселете се, народи, со Неговиот народ!“ И пак: „Фалете Го Господа сите народи и да Го слават сите племиња!“ И пак Исаија вели: „Ќе се јави подник од Јесеевиот корен, и Оној Кој станува за да владее над народите; на Него ќе се надеваат народите!“ А Бог на надежта да ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух да ви се збогати надежта.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со РИМЈАНИТЕ 15:5-13

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност