Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РИМЈАНИТЕ 12:1-9

РИМЈАНИТЕ 12:1-9 MKB

Затоа ве молам, браќа, заради Божјата милост, да ги принесете вашите тела во жива, света и угодна жртва на Бога, тоа да биде ваша разумна служба. Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја! Зашто, преку благодатта што ми е дадена, му велам на секој еден помеѓу вас: да не мисли за себе повеќе отколку што треба да мисли - туку мислите нека ви бидат насочени кон разумно размислување, според мерата на верата, која Бог му ја доделил секому. Зашто, како што во едно тело имаме многу членови, а сите членови немаат иста служба, така и ние, мнозината, сме едно тело во Христа, а како поединци - членови сме еден на друг. И имаме разни дарби, според дадената ни благодат: ако е пророштво, нека е согласно со верата! Ако е служење нека служи! Ако е некој учител - нека поучува! Кој има дар за утеха - нека утешува! Кој раздава, нека дава богато! Кој управува, нека биде ревносен! Кој покажува милост, нека го прави тоа весело! Љубовта нека ви биде нелицемерна! Отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со РИМЈАНИТЕ 12:1-9