Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОТКРОВЕНИЕ 5:6-14

ОТКРОВЕНИЕ 5:6-14 MKB

Видов, и ете, среде престолот и четирите живи суштества и среде старешините: Јагне, што стои како заклано, со седум рогови и седум очи; тоа се седумте Божји Духови, пратени по целата земја. И дојде и го зеде книжниот свиток од десницата на Оној, Кој седи на престолот. И кога го зеде свитокот, четирите живи суштества и дваесет и четирите старешини паднаа пред Јагнето, и секој имаше китара и златни чаши, полни со темјан, а тоа се молитвите на светите. И пееја нова песна, велејќи: „Достоен си да го земеш книжниот свиток и да ги отвориш неговите печати, зашто беше заклан и зашто со Својата крв ги откупи за Бога од секое племе и јазик и народ и народност, и ги направи на нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваат на земјата. И видов и чув глас на многу ангели околу престолот, и живите суштества, и старешините, и нивниот број беше бесконечно голем со илјади илјадници, кои зборуваа со силен глас: „Достојно е Јагнето, Кое е заклано, да прими: сила и богатство, и премудрост и моќ, и чест и слава и благослов.“ И го чув секое создание, кое е на небото и на земјата, и под земјата и во морето, и сѐ што е во нив, да зборуваат: „На Оној, Кој седи на престолот, и на Јагнето, благослов и чест; и слава и власт, во сите векови!“ А четирите живи суштества рекоа: „Амин!“ И дваесет и четирите старешини паднаа и се поклонија.