Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОТКРОВЕНИЕ 5:1-10

ОТКРОВЕНИЕ 5:1-10 MKB

И видов во десницата на Оној, Кој седеше на престолот, книжен свиток, напишан одвнатре и однадвор, запечатен со седум печати. И видов силен ангел како објавува со голем глас: „Кој е достоен да го отвори свитокот и да ги скрши неговите печати?“ И никој ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, не можеше да го отвори книжниот свиток, ниту да погледне во него. А јас плачев многу, зашто не се најде никој достоен да го отвори и да го прочита свитокот, ниту да погледне во него. И еден од старешините ми рече: „Не плачи, ете, победи Лавот од Јудиното племе, Давидовиот корен, па може да го отвори свитокот и да ги одврзе неговите седум печати. Видов, и ете, среде престолот и четирите живи суштества и среде старешините: Јагне, што стои како заклано, со седум рогови и седум очи; тоа се седумте Божји Духови, пратени по целата земја. И дојде и го зеде книжниот свиток од десницата на Оној, Кој седи на престолот. И кога го зеде свитокот, четирите живи суштества и дваесет и четирите старешини паднаа пред Јагнето, и секој имаше китара и златни чаши, полни со темјан, а тоа се молитвите на светите. И пееја нова песна, велејќи: „Достоен си да го земеш книжниот свиток и да ги отвориш неговите печати, зашто беше заклан и зашто со Својата крв ги откупи за Бога од секое племе и јазик и народ и народност, и ги направи на нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваат на земјата.