Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОТКРОВЕНИЕ 17

17
Пропаст на големата блудница
1И дојде еден од седумте ангели, кои ги имаа седумте чаши, проговори со мене и рече: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница, која седи на многу води, 2со која блудствуваа земните цареви, а жителите на земјата се напија од виното на нејзиното блудствување.“ 3И ме одведе, во духот, во пустината: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови. 4А жената беше облечена во пурпурно и во црвено, и украсена со злато и со скапоцени камења и со бисери, држејќи во својата рака златна чаша, полна со гнасотија и нечистота од нејзиното блудство, 5на челото пак ѝ беше напишано име - тајна: големиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии. 6И ја видов жената како се опива со крвта на светите и со крвта на Исусовите сведоци. И се зачудив многу кога ја видов. 7И ангелот ми рече: „Зошто се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на женава и на ѕверот, кој ја носи и има седум глави и десет рогови. 8Ѕверот, што го виде, беше и го нема, и ќе излезе од Бездната за да отиде во пропаст. И ќе се зачудат земните жители чие име не е запишано, од создавањето на светот, во Книгата на Животот, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако тој е.
9Тука е умот, што има мудрост! Седумте глави - тоа се седумте гори, врз кои седи жената. 10Тоа се и седум цареви, од кои петмина паднаа, едниот е, а другиот уште не дошол, а кога ќе дојде, треба да остане малку. 11Ѕверот, пак кој беше и кого го нема, е осми, и е од седумте, па оди во пропаст. 12И десетте рогови, што ги виде, тоа се десет цареви, кои уште не зацаруваа, но ќе ја примат царската власт со ѕверот за еден час. 13Овие се истомисленици, па ќе му ја предадат својата сила и власт на ѕверот. 14Овие ќе војуваат против Јагнето, но Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Господар над господарите и Цар над царевите, а со Него се повиканите, избраните и верните. 15И ми рече: „Водите што ги виде, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и множествата, народите и јазиците. 16И десетте рогови, што ги виде, и ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата и ќе ја направат пуста и гола, и ќе ѝ го изедат месото, и ќе ја изгорат со оган, 17зашто Бог им даде во нивните срца да ја исполнат Неговата замисла, да дејствуваат едномислено и да му го дадат своето царство на Ѕверот, додека не се исполни Божјото слово. 18А жената, која ја виде, е големиот град, кој царува над земните цареви.“

Селектирано:

ОТКРОВЕНИЕ 17: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се