Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОТКРОВЕНИЕ 15

15
Седум златни чаши
1И видов друг - голем и чудесен знак, на небото: седум ангели, кои ги држеа седумте последни зла, зашто со нив завршува Божјиот гнев.
2И видов нешто како стаклено море, измешано со оган, и оние кои го победија Ѕверот и неговиот лик и бројот на неговото име, - стоеја на стакленото море и имаа Божји китари, 3и ја пееја песната на Мојсеја, Божјиот слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи се и прекрасни Твоите дела Господи Боже, Сѐдржителу! Праведни и вистински се Твоите патишта - Цару на народите. 4Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави Твоето име? Зашто само Ти си свет; сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, зашто се покажаа Твоите праведни судови!“ 5И потоа видов на небото се отвори храмот на Шаторот на сведоштвото, 6а од храмот излегоа седум ангели, кои имаа седум зла, облечени во чисти и светли ленени облеки и опашани со златни појаси преку градите. 7И едно од четирите живи суштества им даде на седумте ангели седум златни чаши полни со гнев на Бога, Кој живее во сите векови. 8И храмот се наполни со дим од славата на Бога и од Неговата сила, и никој не можеше да влезе во храмот, додека не свршија седумте зла на седумте ангели.

Селектирано:

ОТКРОВЕНИЕ 15: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се