Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 99

99
(Давидов псалм) Фала на Сѐсвет Бог
1. Повик за прославување на Бога
1Господ царува - нека треперат народите; седи над херувите, нека се потресе земјата! 2Господ е велик на Сион, возвишен над сите народи. 3Нека го слават Твоето велико и страшно име: тоа е свето! 4Ти си моќен Цар, Кој љубиш што е право, Ти ја утврди праведноста; Ти извршуваш правда и справедливост во Јакова. 5Возвишувајте Го Господа, нашиот Бог, поклонувајте се пред Неговото подножје. Тоа е свето.
2. Причини за Господово прославување
6Мојсеј и Арон, меѓу Неговите свештеници, и Самоил, меѓу оние кои го повикуваат Неговото име: Го викаа Господа, и Тој ги послуша. 7Им зборуваше од облачен столб; ги слушаа Неговите заповеди и повелбите што ги даде. 8Господи, Боже наш, Ти ги послушуваше; Ти беше Бог кој им простува, иако ги казнуваше нивните гревови. 9Возвишувајте Го Господа, нашиот Бог, почитувајте Го во Неговата Света Гора, зашто Господ нашиот Бог, е свет.

Селектирано:

ПСАЛМИ 99: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се